Црна хроника
Тешко повреден скопјанец по пад од мотор

Триесет и шестгодишен скопјанец е тешко повреден откако возејќи мопед изгубил контрола и паднал на улица.
Несреќата се случила синоќ на ул. Радишанска во Скопје.
По незгодата Т.М. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца бугарски државјани уапсени на граничниот премин Табановце, кај нив била пронајдена марихуана

Вчера во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот Д.И. и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.
Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник во сообраќајна незгода во Дебар

Вчера околу 18.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на улицата „Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.
Црна хроника
При ископ во село Калишта пронајдена експлозивна направа

Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека при ископ во село Калишта, струшко, била пронајдена експлозивна направа.
Екипа од ОВР Струга и пиротехничар од Дирекцијата за штита и спасување извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната.