Спорт
Роналдо не е стартер, бидејќи побарал трансфер?
Кристијано Роналдо не е стартер за Јувентус, бидејќи се надева дека до крајот на преодниот рок ќе си најде нов клуб, тврдат италијанските медиуми.
Шпекулациите почнаа откако Масимилијано Алегри не го постави Роналдо во стартниот тим за мечот против Удинезе и покрај тоа што е физички подготвен. Шпекулациите прво велеа дека се работи за конфликт меѓу тренерот и фудбалерот, но според Фабрицио Романо, добро запознаен со случувањата во италијанскиот фудбал, петкратниот освојувач на „Златната топка“ е посветен на тоа да си најде нов клуб до 31 август.
Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед пак, пред стартот на мечот изјави дека се работи за проблем со физичката подготовка, и вети дека тој останува во Јувентус.
„Не треба да правиме сензационални приказни каде што ги нема. Роналдо останува во Јувентус“, изјави Недвед.
Cristiano Ronaldo will be on the bench for Udinese-Juventus. Official. ??? #Ronaldo
He’s NOT starting – it was a precise request from Cristiano because he hopes to find a solution on the market in the next days.
But Juventus have received NO official bids yet for Cristiano. pic.twitter.com/sQ0z3rO1Bk
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 22, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

