Свет
Следува потоп – научниците со предупредување за климатските промени
На Европа ѝ се закануваат големи поплави, како оние што неодамна ги погодија Германија и Белгија, а опасноста од излевање е зголемена за девет пати, предупредија научниците.
Најмалку 190 луѓе загинаа во големите поплави во западна Германија во јули, додека 38 лица загинаа во Белгија.
Научниците предупредуваат, во неодамна објавената студија, дека ќе има се повеќе такви поплави, а како причина ги наведуваат климатските промени, пренесуваат агенциите.
Научниците ги анализираа претходните податоци за времето и со помош на компјутерски симулации ја споредија денешната клима, во која температурите во просек се повисоки за 1,2 степени Целзиусови, со претходните податоци.
Тие се фокусираа на количината на врнежи во текот на денот и открија дека двата најтешко погодени региона во Германија и Белгија се соочија со невообичаени високи нивоа на врнежи во јули.
„Климатските промени ги зголемија шансите за поплави, но тие го зголемија и нивниот интензитет“, рече Франк Крајенкамп од германската метеоролошка служба.
Фридрих Ото, климатолог и директор на Институтот за промени во животната средина на Универзитетот Оксфорд, рече дека поплавите покажале дека дури и развиените земји не се безбедни од силните ефекти на екстремните временски услови што се влошуваат поради климатските промени.
„Тоа е итен глобален предизвик и ние треба да се соочиме со него. Науката е јасна за тоа со години”, вели тој.
Анализирајќи ја матрицата на врнежи низ Западна Европа, научниците дојдоа до проценка на веројатноста кога може да настанат големи поплави.
Според нивните наоди, големи поплави како онаа во западна Германија може да погодат која било област на секои 400 години со моменталните временски услови.
„Поплавите во Германија беа редок настан. Од друга страна, можноста тие да се случуваат почесто се зголемува, и таа можност ќе биде поголема во иднина”, вели Мартин ван Алст, директор на Климатолошкиот центар на Црвениот крст.
Резултатите од студијата треба да бидат аларм за луѓето, вели Ван Алст, додавајќи дека треба да се зголеми подготвеноста за борба против поплавите, како и воведување систем за рано предупредување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

