Македонија
(Видео) Стоилковски: Дали со македонска плата за четири години може да се изградат луксузна вила во Маврово и куќа во Скопје и да се купат три автомобили?
Дали со чесна македонска плата за четири години е можно да се заштедат пари за да се изгради 300 квадрати луксузна вила на Маврово, вредна можеби 200.000 евра, да се гради луксузна куќа во Скопје, со додатни стотина метри квадратни, да се купат три автомобили, можеби вредни 130.000 евра? Па нека таа плата е и градоначалничка, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Секој граѓанин во оваа земја одговорот го знае, но ете кога молчи Шилегов, Заев нека одговори, просто, дали може или не може?
![]()
Ова е куќата на Петре Шилегов во Карпош пред и за време на реновирањето. Ова е куќата што добива цел кат и чија вредност се зголемува за можни 130.000 евра. Петре Шилегов целосно обновува и доградува семејна зграда. На пријавените 400.000 евра вредност, сега куќата би изнесува околу 600.000 евра“, рече Стоилковски.
![]()
Тој наведе дека Шилегов откако професионално влегол во политиката, енормно и несразмерно си го зголемил имотот.
„Само откако е градоначалник, купува плац со неизградена куќа на Маврово; гради луксузна хациенда од 300 квадрати. Чудовишна вила од 300 м² во прв ред со поглед на Мавровското Езеро, со реална вредност од најмалку 200.000 евра. Ја пријавил како 55.000 евра. Петре Шилегов нема пријавено два автомобила ‘ауди’ од 45 до 55 илјади евра. Не е пријавен ниту автомобилот на неговото дете, а тој сам се пофали со автомобил вреден 30-ина илјади евра. Ова е само тоа што може да се види и да се знае, а го нема на неговиот анкетен лист.
Вкупно, Петре Шилегов за четири години, гледајќи ги овие факти, е побогат во имот за можеби половина милион евра.
Затоа сега повторно поставувам просто прашање до Петре Шилегов и до Зоран Заев.
Дали со чесна македонска плата за четири години е можно да се заштедат пари за да се изгради 300 квадрати луксузна вила на Маврово, да се изгради луксузна куќа во Скопје, да се купат три автомобили, можеби вредни 130.000 евра? Па нека таа плата е и градоначалничка?
Секој граѓанин во оваа земја одговорот го знае, но ете кога молчи Шилегов, Заев нека одговори, прост како што знае, дали може или не може?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

