Црна хроника
Молотов коктел фрлен врз куќа на тетовец

Стаклено пивско шише полно со бензин со парче запалена ткаенина на отворот, во неделата околу 03:45 часот било фрлено врз куќа на 57-годишен тетовец, информираат од полицијата.
Молотовиот коктел што бил фрлен од дворот на соседот кој е на привремена работа во странство, предизвикал пожар, но тетовецот успеал да го изгасне со вода.
Потоа, во близина на влезната врата од дворот било пронајдено уште едно шише до половина наточено со бензин и со парче ткаенина на отворорот, а на околу 50 метри од куќата се најдени ште три шишиња со слична содржина.
Увид на местото на инцидентот изврши екипа на СВР-Тетово. Пронајдените предмети се предадени на анализа. При инцидентот не е предизвикана материјална штета. Тетовската полиција работи на расчисување на случајот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот „Туристичка” во која 44-годишна жена беше прегазена, а уште едно лице беше тешко повредено.
Првиот осомничен управувал автомобил „Фолксваген голф“ без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот.
Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда.
Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.
Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство.
Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото цо негова сопственост да го управува.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.