Црна хроника
Тешка сообраќајка на излезот од Прилеп, една жртва
Тешка сообраќајка се случи во понеделник попладне на излезот од Прилеп кон Скопје, во која најверојатно една жена го загуби животот, јавува репортер на Макфакс.
Автомобил „Пунто“, најверојатно со скопски регистарски таблички се судрил со товарен камион, на Ленишки мост во близина на Прилеп.
Неофицијално во „пунтото“ се возеле мајка и ќерка, при што мајката која седела на совозачкото седиште го загубила животот.
Ќерката е контактибилна и пренесена е во болницата во Прилеп на понатамошно следење на состојбата.
Мајката и ќерката оделе кон Битола кога се случила несреќата.
На лице место има полиција и пожарникарска екипа, кои се обидуваат да го извадат телото на починатата од смачканиот автомобил.
Сообраќајот е во прекин повеќе од половина час и не се знае кога повторно ќе биде воспоставен.
Од полицијата се уште немаат податоци за тоа како се случила сообраќајката./крај/фф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата казнува: Во Скопје се вози под алкохол, без возачка и се минува на црвено
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкција, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за возење под дејство на алкохол…
Црна хроника
71-годишен возач на трактор заврши во болница со тешки повреди
Вчера во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Новаци, Битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, Битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.
Топ
Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави
Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви пријави има и за вчерашниот ден. Каснатите граѓани се на возраст од 21, 29 и 61 година, а пријавите се за Аеродром, Маџари и Гази Баба.
Вчера во 13.25 часот во полициската станица Гази Баба, Б.К.(29) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил каснат од куче скитник.
Половина час по оваа пријава во полициска станица Гази Баба, М.П.(61) од Сингелиќ, скопско, пријавил дека на ул.„Маџари“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Последната пријава е добиена во 16.30 часот во полициска станица Аеродром, кога П.К.(21) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.
Иако овие настани се секојдневие, никој досега не го реши целосно овој проблем со уличните кучиња.