Скопје
Жерновски: Ставрески ја блокира изградбата на новото училиште “Капиштец“
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски побара од министерот за финансии Зоран Ставрески да го потпише документот за задолжување на општината за изградба на новото училиште “Капиштец“.
„Цел месец чекаме министерството не го потпишува документот за задолжување на општината. Шест пати го побарав министерот, но тој нема време да разговара со мене на оваа тема, седум пати нашите служби безуспешно се обидуваат да стапат во контакт со надлежните во министерството“, рече Жерновски на прес конференција во понеделник.Градоначалникот појасни дека документот е чиста формалност, бидејќи општина Центар ги исполнува сите услови за подигнување на кредит за изградба на училиштето.“За споредба, вакво исто одобрение, за само две недели, му било издадено на поранешниот градоначалник, Владимир Тодоровиќ, за изградба на барокната катна гаража. На 15-ти јуни, 2012-та, било поднесено барањето од Тодоровиќ и веќе на 29.6.2012, истиот министер Ставрески, кој сега не може да најде време, го потпишал барањето за задолжување. На нашето барање, доставено на 17.2.2016 година сеуште нема одговор. Сакам да го прашам министерот Ставрески: до кога на грбот на децата и граѓаните на Центар ќе се врши ваква политичка одмазда? До кога ќе се блокира општината во реализација на капитални проекти за ситни политички поени?“, праша Жерновски.За него, несфатливо и скандалозно е однесувањето на министерот, кој ја блокира општината само затоа што раководството не е од ВМРО-ДПМНЕ.Жерновски најави дека ваквото блокирање ги поминува сите граници и доколку во рок од една недела не биде доставен документот од Министерството за финансии, ќе се започне со собирање на потписи од сите жители на Капиштец. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




