Црна хроника
Тепачка меѓу гости во скопско кафуле, едниот од нив посегнал по пиштол

Во скопската полиција во вечерните часови на 16 септември бил пријавен инцидент што се случил во угостителски објект.
Според пријавата, по претходна расправија, А.Ш.(24) и И.Ш.(53), двајцата од скопското село Љубин, биле нападнати од М.Р., Х.Р. и уште две лица.
Еден од напаѓачите наводно и со пиштол му се заканил на А.Ш.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Семејно насилство во Охрид – скопјанец ја нападнал партнерката, охриѓанец кршел по дома

СВР Охрид информира за два случаи на семејно насилство што се случиле во текот на вчерашниот ден.
На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.(42) од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.А.(35) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен демирхисарец – запалил гранки, па огнот зафатил куќа и плевна

Шеесет и деветгодишник од Слошетица, демирхисарско е приведен поради предизвикување на општа опасност, објави МВР.
„Во Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во селото Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела“, се вели во информацијата.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар и по документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.
Топ
Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Полицијата изврши претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пришто пронајдени се оружје и муниција, а приведени четири лица.
На 23.05.2025, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп во с.Обршани, прилепско, го лишија од слобода Д.М.(41) од с.Обршани. при претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се ловечка пушка и патрони различен калибар.
На 23.05.2025 во с.Цапари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Н.(44) од с.Цапари, затоа што при преглед во неговиот дом пронајдени се пет пушки, четири пиштоли, како и 39 парчиња муниција од различен калибар.
На 23.05.2025 во с.Пресил, крушевско, полициски службеници од ОВР Прилеп и ОВР Крушево го лишија од слобода И.Р.. Врз основа на наредба од основен суд Прилеп извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени се две рамки за пиштол и муниција различен калибар.
На 23.05.2025 во с.Горно Ботушје, општина Македонски Брод, полициските службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода З.М.(58) од Македонски Брод . При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се 15 патрони за ловечка пушка и делови за оружје.
По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.