Европа
Еден загинат и тројца ранети во напад во Копенхаген сличен на Charlie Hebdo
Еден цивил е убиен а тројца припадници на данската полиција се ранети во саботата во Копенхаген во пукањето во зграда во која се одржуваше расправа за исламот и слободата на изразувањето, а на којашто учествуваше и шведскиот карикатурист Ларск Вилкс, кој неколкупати беше цел на напади поради карикатурата на пророкот Мухамед како куче.
Полицијата потврди дека во пукањето е убиен еден цивил, како и дека напаѓачите побегнале со автомобил, пренесува Reuters. Данската агенција Ritzau истакнува дека во инцидентот не се повредени и контроверзниот карикатурист Ларс Вилкс ниту францускиот амбасадор Франсоа Зимр. Амбасадорот на Twitter напиша дека „се“ уште е жив во просторијата“ во којашто се одржуваше трибината, пренесува DPA.
Неидентификувани лица отворија оган во саботата во кафето „Крудтенден“ (Буре барут), во центарот на данската престолнина Копенхаген, каде што се одржуваше дебатата „уметност, богохулење и слободата на говорот“. Според очевидци, од автоматско оружје биле испукани повеќе десетици куршуми. Двајцата напаѓачи успеале да избегаат со автомобил во марката „Volkswagen“ со темна боја, чиј број не е запаметен, пренесе данската телевизија TV2.
Според данските медиуми, во инцидентот биле истрелани повеќе од 40 куршуми. Шведскиот уметник Ларс Викс е под полициска заштита поради исламистичките закани уште од 2010 година, а вниманието го сврти во 2007 година кога ги објави карикатурите на кои пророкот Мухамед беше прикажан како пес, што предизвика низа гневни протести во муслиманскиот свет.
„Намерата беше иста како и во случајот на нападот врз редакцијата на Charlie Hebdo, но тие не успеаја да влезат во објектот“, изјави амбасадорот Зимре за AFP. „Интуитивно би кажал дека имаше најмалку 50 истрели, полицијата тука вели дека ги имало 200. Куршумите минаа низ вратата, и сите паднаа на подот. Според Зимре, сите учесници на конференцијата успеале брзо да ја напуштат салата во која се одвивала дебатата, сокривајќи се во соседната просторија. „Остануваме внатре, се’ додека ситуацијата уште се проценува како критична“, додаде амбасадорот.
Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус, вооружените напаѓачи врз културниот центар во Копенхаген е „терористички напад“. „Терористичкиот напад беше извршен врз јавен граѓански собир во Копенхаген, на кој учествуваше и францускиот амбасадор во Данска“, се вели во официјалната изјава на францускиот министер. Како што истакнува Фабиус, „Париз ги поддржува граѓаните и властите на Данска во борбата против тероризмот“.
Истовремено Елисејската палата ја објави изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд со поддршка на данскиот премиер Хеле Торнинг-Шмит, уверувајќи го дека Франција „целосно сочувствува со ова искушение“ со данскиот народ. Оланд исто така прецизираше дека во најскоро време во Копенхаген ќе допатува францускиот мините за внатрешни работи Бернар Казанев./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

