Црна хроника
За 6 месеци пријавени 19 случаи на семејно насилство во Велес

Месечно по три случаи на семејно насилство се регистрирани во Секторот за внатрешни работи Велес, односно вкупно 19 за првото полугодие од годинава, речиси двојно поголем е бројот на граѓани што се пожалиле за насилство во кругот на семејството
Од Дијана Иванова, Велес
Велешката полиција до Основното јавно обвинителство поднела 15 кривични пријави. Другите насилници добиле усно или писмено предупредување.„Кога станува збор за семејно насилство тука најчесто причините се нарушени односи во емејството. Значи жртви се и жените и мажите но за жал и децата во семејството, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.Во зградата на полициската станица во Велес функционира прифатилиште за жртви, а од неодамна започна да работи и сервис за помош на жртвите од семејно насилство. Во него жителите на Велес, Градско и Чашка ќе добиваат бесплатна правна помош и адвокатот кој ќе ги застапува жртвите од семејно наилство при евентуални судски процеси. Жртвите можат да се јават на телефонскиот број 043 211 151 на кој ќе можат да добијат правни совети. Според полицијата, бројката на регистрирани случаеви на семејно насилство е нереална. Истаржувањата покажуваат дека жртвите се срамат да го пријават наилството во семејството. Друга причина за преќутување на насилството е и заканата од страна на насилникот. Во голем број случаи станува збор за физичко но се почесто е и емотивното насилство.Бројките на СВР Велес покажуваат дека семејното насилство во велешкиот регион бележи пораст. Токму затоа е отворен овој центар кој работи секој ден од 10 до 13 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден патник во автобус на ЈСП

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје.
Според информациите на МВР, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Пожар во барака во Транзитниот центар Табановце

Вчера СВР Куманово било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи.
Според информациите на МВР, повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Уапсени двајца турски државјани на Деве Баир, на увид приложиле фалсификувани зелени картони за возилата што ги управувале

Вчера вечер, во 20:10 часот и денеска во 00:10 часот по полноќ, на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 46-годишниот Ш.А. и 39-годишниот Џ.К., двајцата од Република Турција.
При гранична проверка и контрола на товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал Ш.А., било констатирано дека меѓународните зелени карти, кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Исто така, при гранична проверка и контрола на товарното возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал Џ.К., било констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.