Црна хроника
224 сообраќајни прекршоци во Скопје, 42 за брзо возење, 20 без возачка дозвола
																								
												
												
											Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.9.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, 7 за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се две мерки за неносење сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 5 за возач почетник, 58 за прекршоци што ги чинат пешаците, 54 за непрописно паркирање.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Топ
(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени
														Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода 37-годишниот Б.А. и 26-годишниот О.Ј., двајцата од село Требош, тетовско.
При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управува Б.А., пронајдени и одземени се шест ќеси со марихуана.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото
														Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје.
Тој околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.
По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Маж од Охридско агресивно се однесувал кон неговиот татко
														Во СВР Охрид, вчера во 17:10 часот е пријавено дека Ж.Ш. од охридско село, во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

