Црна хроника
Украл автомобил на соселанец, па настрадал во сообраќајка

– фото илустрација
Жител на тетовското село Пршовце во саботата бил тешко повреден во сообраќајка што ја предизвикал со возило што претходно го украл од негов соселанец.
Жител на тетовското село Пршовце во саботата бил тешко повреден во сообраќајка што ја предизвикал со возило што претходно го украл од негов соселанец.
Џ.У.(36) најпрво ја искористил невнимателноста на А.И.(55) од истото село кој го оставил клучот во бравата од својот автомобил „опел вектра“, влегол внатре и веднаш го стартувал возилото по што се упатил кон Тетово. На околу стотина метри пред влезот во селото Слатино на регионалниот пат Јажинце – Тетово, Џ.У. загубил контрола на возилото, излетал во патот и удрил во две пракирани возила комбе „форд транзит“ и „голф“, сопственост на лица од Слатино.
Од излетувањето и ударот тој задобил скршеница на десниот колк, други скршеници и повреди на екстремитетите и веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница од каде поради тежината на повредите бил упатен на скопските клиники.
По овластување на јавен обвинител увид на местото од сообраќајката извршила екипа на СВР Тетово и според првичните информации причина за несреќата била неприлагодената брзина со која Џ.У. го управувал возилото додека вкупната материјална штета се проценува на околу 200 илјади денари.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот. Според неофицијални информации од жителите на Пршовце Џ.У. подолго време се соочувал со психички проблеми. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот