Топ
Почината 25-годишна девојка пронајдена во апартман во Стар Дојран

Млада девојка вчера била пронајдена почината во изнајмен апартман во Стар Дојран.
Според информациите од МВР, се работи за 25-годишната Д.Ќ. од Скопје, која во апартманот пристигнала истиот ден со С.Т. (25) исто од Скопје.
Од итна медицинска помош Гевгелија потврдена е смртта без знаци на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се здобил со тешки телесни повреди, објави РТС.
Возило „киа“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон Хоргош, излетало од патот, а потоа се превртело.
Во несреќата загинал сопатникот Н.А.(39), додека возачот А.А.(60) е тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица каде што ја прима потребната медицинска помош, извести РТС.
Сообраќајната полиција и обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица биле на местото на настанот.
Основното обвинителство на Суботица наведува дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот превоз.
Топ
Се преврте возило со македонски регистарски таблички, загина сопатникот: тешка сообраќајна незгода во Србија

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово.
Како што објави српски „Блиц“, околу 5:15 часот наутро на автопатот, упатувајќи се во правец кон Хоргош, возачот на „Киа“ со македонски регистарски таблички ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот, по што возилото се превртело.
Возачот бил тешко повреден и бил пренесен во Општата болница во Суботица, додека сопатникот починал на местото на настанот.
Истрагата ја спроведоа обвинителот на Основното јавно обвинителство во Суботица и сообраќајната полиција.
Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај.
Македонија
Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број запишани студенти, за студии по здравство и социјална заштита се определиле 13.371 лице, од кои дури 10.011 жени, а 3.360 мажи. Понатаму, втори по интерес се студиите за бизнис, администрација и право – 10.839, по што следат Информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) со запишани 8.875 студенти.
Најголем број студенти, 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23,2 отсто се запишале на приватните високообразовни установи, соопшти Државниот завод за статистика.