Црна хроника
Фатени крадци што ограбиле бензиска во кумановско
Петмина крадци украле 5.000 денари од бензиска во Куманово, но не се офајдиле многу, затоа што полицијата ги фатила и им го одзела пленот, соопшти полицијата.
СВР Куманово заедно со кривична пријава до ОЈО Куманово ги спроведе лицата Р.А.(22), А.А.(21), Н.А.(20) и А.А.(17) од Куманово, како и К.Р.(17) од с.Долно Свиларе, Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело – “разбојништво“.
Вчера 20 минути по полноќ, пријавените отишле на бензинската пумпа „Лук Оил“ лоцирана на локалниот пат Куманово-Романовце и наполниле гориво во нивното возило, при што влегле внатре во бензинската, ја платиле сметката и заминале во објектот „Калабрија“ лоциран спроти бензинската пумпа, село Романовце, а инаку сопственост на А.Ф. татко на тројца од пријавените.
Подоцна, околу 5.40 часот со намера за себе да прибават противправна имотна корист се вратиле на бензинската пумпа при што двајца од нив маскирани со фантомки на главите влегле во објектот и едниот извадил пиштол кој го репетирал и вперил во вработениот М.И.(28) од Куманово, и сериозно заканувајки му се по неговиот живот од касата одзеле 5.000 денари по што избегале во непознат правец.
Од страна на вработените настанот веднаш е пријавен во СВР Куманово и по преземени интензивни мерки пријавените околу 9 часот се пронајдени и приведени во СВР Куманово.
Извршен е претрес во домовите на пријавените и во објектот „Калабрија“, при што се пронајдени одземените пари и облеката што ја носеле за време на извршување на разбојништвото.
По спроведената истражна постапка од страна на Истражен судија на сите пријавени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Првите тројца од пријавените се познати сторители на кривични дела за што СВР Куманово им има поднесувано кривични пријави и тоа: на првопријавениот за разбојништва, напад на службено лице при вршење работи на безбедноста и тешки кражби, на А.А. за убиство во обид и на Н.А. за предизвикување општа опасност, тешка кражба и кражба./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

