Спорт
Манчини: Сакаме да играме во финалето
Вечерва во Милано, Италија и Шпанија ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар на завршниот турнир во Лигата на нации. Дуелот на „Сан Сиро“ ќе биде реприза на полуфиналето од последното Европско првенство, кое по изведувањето пенали го доби Италија.
Италија ќе се обиде да ја продолжи импресивната низа, оваа репрезентација нема пораз на последните 37 натпревари. Последниот пораз на Италија датира од 10 септември 2018 година.
„Би сакале да ја продолжиме низата, мислам дека тоа зависи од нас. Луис Енрике има право да каже дека низата ќе биде прекината еден ден, знам дека порано или подоцна тоа ќе се случи. Но би сакал тоа да не се случи до декември 2022 година“, рекол италијанскиот селектор Роберто Манчини.
„Беше тешко на ЕВРО 2020. Се мачевме. Шпанците против нас го одиграа најдобриот меч на ЕП, ние се мачевме да дојдеме до топката. Ќе мораме да бидеме подобри во контакт играта и да бидеме побрзи од нив. Сакаме да победиме и да играме во финалето“.
Италија и Шпанија својот дуел ќе го почнат во 20:45 часот, ден подоцна во истиот термин, во Торино, ќе играат Белгија и Франција. Финалето ќе се одигра во Милано на 10 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

