Спорт
Французите со епски камбек од 0:2 ја уништија Белгија за финале на Лигата на нации

Светските шампиони, Франција ќе се сретнат со Шпанија во финалето на второто издание на Лигата на нации на УЕФА, откако успеаја да се вратат од 0:2 на полувреме против моќната Белгија, за да стигнат до 3:2 победа на „Алијанц стадионот“ во Торино.
Белгијците имаа „атомски“ старт, откако Кевин де Брујне имаше две асистенции во само три минути, за 2:0 водство на полувреме. Тој прво го најде Јаник Караско во 37. минута за 1:0, за потоа и Ромелу Лукаку во 40. минута.
Меѓутоа, „триколорите“, уште актуелни светски шампиои, покажаа дека не се шегуваат. Карим Бензема покажа дека е мајстор во 62. минута, кога доби топка од Килијан Мбапе и намали на 1:2, за само седум минути подоцна да биде досуден пенал за Франција по фаулот на Тилеманс над Гризман, а Мбапе беше сигурен во реализацијата.
Белгијците сметаа дека го добиле мечот кога во 87. минута, Лукаку вторпат ја затресе мрежата, но голот беше поништен, пред ѕвездата на Милан, Тео Ернандез да постигне прекрасен гол, негов прв во дресот на Франција во 91. минута за голема победа.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Theo Hernández @santibadano11 pic.twitter.com/njOQARMhZh
— Juan Manuel Nahoum (@juanmanahoum) October 7, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Позната е причината за несреќата во која загина Жота

Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа во шпанскиот регион Замора, откако пукнала гумата на неговиот автомобил, поради што излетал од автопатот.
Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.
Двајцата се возеле во автомобил „Ламборџини“ кога им пукнала гумата, во момент кога престигнувале друг автомобил.
Возилото излетало од патот, по што завршило во пламен. Несреќата се случила во раните утрински часови, околу половина час по полноќ.
Единицата за итна медицинска помош (УМЕ) и медицинскиот персонал за примарна здравствена заштита (МАП) од здравствениот центар Момбуј можеле да ја потврдат само смртта на две млади лица на лице место, чиј идентитет го потврдил претставник на цивилната гарда.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола на 182 натпревари. Ја освои Премиер лигата два пати, ФА Купот и два Лига купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Тој одигра 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати ја освои Лигата на нации.
Foto/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Спорт
Бруно Петковиќ го напупти Динамо се сели во Шпанија

Бруно Петковиќ, поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.
Хрватскиот репрезентативец ќе го носи дресот на Алавес од следната сезона.
Петковиќ ги отфрли понудите на ПАОК и Коџаели, реши да ја прифати понудата од Алавес, поради квалитетот на шпанската лига.
Петковиќ го напушти Динамо по седум години. Во тој период одигра 279 натпревари, постигна 88 гола, но не можеше да продолжи поради несогласувања околу платата.
Во првите денови по раскинувањето на договорот се споменуваше нереален трансфер во Хајдук, но Петковиќ брзо откри дека сака да игра само во странство.
Според шпанските медиуми, тој треба да потпише двегодишен договор со Алавес.
Foto/ EPA-EFE/FILIP SINGER
Спорт
(Видео) „Се вика Диого, подобар е од Фиго“

Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Рано утрово, фудбалската јавност ја потресе трагичната вест за смртта на португалскиот напаѓач, Диого Жота. Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора.
Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.
Двајцата загинале.
Тешко е да се добие песната на познатиот „Коп“ на стадионот на Ливерпул. Жота успеа да го добие тоа.
„Се вика Диого, подобар е од Фиго“, се само дел од зборовите со кои беше пречекан секој пат кога ќе направеше нешто големо за „црвените“. Имаше многу такви моменти во петте години додека го носеше дресот на Ливерпул.
Голови во финалето на купот, ладнокрвно изведени пенали во пенал сериите, неверојатни пробиви… Жота ќе биде запаметен во историјата на Ливерпул по сето ова. Секако, тој беше важен дел и од двете титули на Ливерпул во Премиер лигата, особено во првата во 2021 година.
Не само што остави длабок белег на „Енфилд“, туку тоа го направи и во Вулверхемптон.
На своето деби во Премиер лигата, тој постигна хет-трик против Лестер и со тоа најави каков играч ќе стане. Тој исто така му помогна на тимот од стадионот „Молино“ да стигне до Премиер лигата постигнувајќи 17 гола како позајмен играч од Атлетико Мадрид.
Одигра 49 натпревари за португалската репрезентација и постигна 14 гола.
Ќе биде запаметен. Тоа е сигурно. Песната посветена на него живее и ќе живее на „Енфилд“.
„Тој ќе нè води до победа, а кога трча по левата страна, ќе влета во средината и ќе постигне гол за Ливерпул“…