Спорт
Алексис Санчез ќе му биде соиграч на Димитриевски?
Италијанските и шпанските медиуми најавуваат сензационален трансфер на Алексис Санчез. Чилеанецот е незадоволен од статусот што го има во Интер, само три пати настапи сезонава во Серија А, пораи што се очекува во јануари да го напушти клубот.
Медиумите на Апенините и Пиринеите тврдат дека тој ќе се врати во Шпанија. Наводно, Санчез кариерата ќе ја продолжи во дресот на Рајо Ваљекано.
Клубот од „Ваљекас“ оваа сезона се врати во Примера. На почетокот на сезоната тимот на чиј гол се наоѓа Стоел Димитриевски бележи одлични резултати. Рајо Ваљекано, по осум кола, се наоѓа на шестото место на табелата, со само четири поени помалку од лидерите на табелата.
Играч на Рајо од оваа сезона е Радамел Фалкао. Тој и Санчез беа соиграчи пред 14 години во Ривер Плејт. Проблем за Рајо и останатите заинтересирани клубови (Валенсија, Бетис, Севилја, Олимпик Марсеј) е неговата плата.
Нокој од заинтересираните не може да му плаќа девет милиони евра на годишно ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Роналдо фудбалскиот идол на Килијан Мбапе
Кога бил мал, во својата соба имал огромен постер од Роналдо.
Кога се запознале, станал негов најдобар советник. Францускиот напаѓач Килијан Мбапе (25) израсна во еден од најдобрите фудбалери во светот, но и сега со голема почит зборува за тоа колку Кристијано Роналдо му помогнал во кариерата.
Сите знаат колку му се восхитувам како играч. Имав среќа да бидам со него рамо до рамо, да го сретнам и да разговараме. Сè уште сме во контакт. Секогаш ми помага, и ме советува.
За мене е чест, особено кога размислуваме што направил за светот на фудбалот.
Без разлика што се случувало претходно или што ќе се случи потоа, тој ќе биде фудбалска легенда – изјави Мбапе.
Мбапе од следната сезона ќе игра за Реал Мадрид, па некои веќе го прогласија за наследник на Кристијано
„Не, тој е единствен. Има само еден Кристијано Роналдо, секогаш ќе има само еден.
Одам по својот пат. Мојот сон да играм за Реал Мадрид станува реалност.
Се надевам дека ќе можам да оставам белег и на фудбалот, но нема да го пишувам следното поглавје на Кристијано Роналдо“, изјави францускиот напаѓач.
Спорт
„Француското проклетство“ излечено со европскиот трофеј
Меѓусебните дуели на овие две селекции датираат од 1926 година и во вкупниот скор вклучително и пријателските, Франција е далеку надмоќна со дури 19 победи, шест порази и три нерешени.
Првите три средби беа во полуфиналето на големите натпреварувања ЕП 1984 и 2000 година и Светското првенство во 2006 година.
Франција славеше три пати. Португалците сепак ги совладаат во дуелот за трофејот.
Тоа беше во финалето на Европското 2016, во Париз.
Така финалистот на Светското првенство во Катар стигна до четвртфиналето на Европското првенство.
Во првиот натпревар Вебер со автогол им донесе три бода против Австрија.
Следеа нерешени средби со Холандија и Полска. Првиот беше без голови, а во вториот Мбапе беше сигурен од белата точка.
Тие стигнаа до четвртфиналето благодарение на автоголот на белгискиот стопер Јан Вертонген. Ниту 19. удари кон голот на „црвените ѓаволи“ не беа доволни за да го матираат ривалскиот голман.
„Галските петли“ имаат тројца напаѓачи во тимот кои се меѓу четворицата најдобри стрелци во историјата на француската репрезентација. Рекордер е ветеранот Оливие Жиру, Антоан Гризман и е еден од најдобрите играчи во светот Килијан Мбапе.
Спорт
Последен натпревар за германскиот фудбалер Тони Крос
Германскиот фудбалер Тони Крос го одигра последниот натпревар во својата професионална кариера.
Крос пред почетокот на Европското првенство одлучи дека тоа ќе биде последен турнир за него.
Претходно го раскина договорот со Реал Мадрид и сакаше да ја заврши кариерата со трофејот кој е единственото нешто што му недостига.
Така Германецот ќе ја заврши кариерата со 832 натпревари и 80 голови.
„На моите последни натпревари ова лето, имав огромна желба да го освојам ова европско, заедно со мојот тим“, изјави Крос
Но, во тоа го спречија Шпанците, кои победија против Германија со 2:1 по продолженијата, со што Крос ги уништи соништата за трофеј на ЕП 2024.