Регион
(Видео) По два земјотреса во Грција, предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Грција.
Според локалните медиуми, епицентарот на земјотресот бил регистриран во близина на Крит.
Црквата „Свети Никола“ во градот Ксирокампос на истокот од Крит се сруши кога грчкиот остров беше погоден од земјотрес со јачина од 6,3 степени, а пријавени се штети и на други згради во таа област.
Ο νέος σεισμός στην Κρήτη είχε μέγεθος 6,3 Ρίχτερ και έβγαλε για ακόμα μία φορά τον κόσμο στους δρόμους.#σεισμός https://t.co/8IHBWDXWZs
— NewsIt (@NewsItFeed) October 12, 2021
Земјотресот го погоди Крит и другите егејски острови, а жителите на Ираклион излегоа на улиците. Набргу по силниот земјотрес од 6,3 степени, следуваше уште еден од 4 степени по што почнаа свлечишта.
Пожарникарите се во состојба на готовност, а има наредба за евакуација на училиштата, пренесува грчкиот портал „Катимарини“.
Άν δείτε το βίντεο ο #σεισμός ήταν 6,4 ρίχτερ κράτησε περιπου 29 δευτερόλεπτα με συνεχείς αυξομειώσεις της έντασης του .
Είχα ένα ράπισμα μήκους 5 μέτρων στην αποθήκη του μαγαζιου
Ελπίζω να μην έχουμε χειρότερα. #κρητη #earthquake pic.twitter.com/xBNA0nLDIk— Μανόλης della Creta (@baxebanis) October 12, 2021
Според сведочењето на жителите на Крит објавено на веб-страницата на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил силен и траел неколку секунди.
Сеизмологот Герасимос Пападопулос напиша на „Фејсбук“ дека по силниот земјотрес, во морето југоисточно од Крит се формирало мини цунами и предупреди никој да не се приближува до брегот. Како што претходно објави Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтер бил во морската област, 23 километри југоисточно од Закрос, на длабочина од 8 километри.
Освен на Крит, земјотресот е почувствуван и на Родос и на другите егејски острови, но и на подрачјето на Атика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска за руската државна агенција ТАСС изјави дека не размислувал за оставка и дека нема да ја напушти Република Српска.
„Никогаш нема да поднесам оставка под притисок. Ќе ја напуштам политичката сцена само кога граѓаните на Република Српска ќе одлучат дека е време да си одам“, изјави Додик, пренесуваат сараевските медиуми.
Тој додаде дека „сигурно нема да ја напушти РС“, бидејќи, како што рече, „има сè – неговото семејство и неговите најблиски“.
„Таму се чувствувам добро“, истакна Додик, додавајќи дека е посветен „да се залага за Република Српска и да се бори за секој нејзин агол“.
Тој рече дека властите на РС „не се милитаристи, ниту се бунтовничка група и нема од што да се плашат“.
„Законот е на наша страна и се врши очигледна и широко распространета злоупотреба од политичарите во Сараево, особено оние босански муслимани кои се посветени на политичкиот ислам, кој тие го промовираат на овие простори веќе три децении“, рече Додик.
За Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, по налог на Судот на Босна и Херцеговина е издадена внатрешна потерница, бидејќи тие се под истрага за напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина.
На 26 февруари, Додик во прв степен беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција за кривичното дело неисполнување на одлуката на високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.
Регион
Вучиќ одговори: Самиот влегов да ги посетам пациентите од пожарот во Кочани

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по прозивките во јавноста рече дека самиот влегол во Клиничкиот центар на Србија, во посета на повредените од Кочани.
„ Не мора никого да бркаат, еве веднаш и на обвинителите и нив да им соопштам, па јас сум тој. Гордиот Александар Вучиќ, кој учествуваше и чија идеја беше да се изгради и обнови Клиничкиот центар, да вложиме големи пари. И затоа што е толку модерен Клиничкиот центар, тие луѓе имаа каде да дојдат, а јас отидов да ги посетам“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање во Париз.
Претходно студентите кои протестираат повикаа на итно покренување постапка за утврдување одговорност и разрешување на директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, директорот на Ургентниот центар и началникот на Интензивна нега. Студентите истакнаа дека неовластени лица влегле на одделението за интензивна нега без заштитна опрема и ги снимале пациентите, со што грубо го загрозувале здравјето, правото на приватност и достоинството на пациентите, пренесоа српските медиуми.
И народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои сакаат да утврдат кој им дозволил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и новинарите да влезат во одделението за интензивна нега.
По пожарот во дискотеката во кој загинаа 61 лице, дел од тешко повредените пациенти беа пренесени на лекување во Белград. Тие беа сместени во одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС), каде Вучиќ заедно со медиумски тимови ги посети на 17 март, по што беа објавени снимки.
Регион
Имаме голем сојузник во Франција, изјави Вучиќ по средбата со Макрон

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во Париз изјави дека светот влегува во проблематична ера која ќе трае, и дека добро е што Србија има голем сојузник во Европа, како што е Франција.
Вучиќ за новинарите изјави дека со Макрон разговарал за геополитичките прашања и ситуацијата во регионот и Србија.
„Разговаравме за многу прашања за европската иднина на Србија и ја замолив Франција да учествува на Експо 2027 во Белград, мислам дека ќе добиеме позитивен одговор“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави дека најтешка тема била ситуацијата во босанскиот ентитет Република Српска (РС).
„Се борев да најдам компромисно решение, не можам да прифатам дека единственото решение е апсењето на (претседателот на РС Милорад) Додик. Тоа не е решение, тоа е создавање проблеми“, рече Вучиќ и додаде дека ги презентирал своите идеи за решение на кризата без да прецизира кои се тие.
Зборувајќи за блокадите и протестите во Србија, Вучиќ рече дека на Макрон му пренел како земјата издржала терор во последните четири месеци.
Студентите бараат одговорност од властите за смртта на 16 лица во несреќата во Нови Сад со блокади на факултетите и повеќемесечни протести.
Зад студентските барања застанаа универзитетски професори, просветни работници, земјоделци, адвокати и актери, заедно со граѓаните кои со месеци ги собираат на протестите.
Демонстрациите станаа симбол на поширокото незадоволство од владеењето на правото во земјата, заедно со прашањето дали негрижата и корупцијата на системот доведоа до несреќата во Нови Сад.