Спорт
Камерон Нори победи во Индијан Велс
Британскиот тенисер Камерон Нори победи на мастерсот во Индијан Велс. Нори, во финалето, со 2:1 (3/6, 6/4, 6/1) го победи Грузеицот Николос Басилашвили.
Нори со оваа победа се изедначи со Новак Ѓоковиќ, двајцата оваа сезона играле по шест финалиња. Исто така тој влезе во историјата како првиот тенисер од Британија со победа на овој мастерс, во светот на тенисот наречен „петти гренд слем“.
Ова е прва британска победа за Британците на турнирите од мастерс серијата по пауза од пет години, кога Енди Мареј го освои Париз.
Нори, победи во меч кој траеше еден час и 50 минути, откако го загуби првиот сет, а во вториот Басилашвили водеше со 2:1. Сепак, Британецот успеа да се издигне, а по брејкот во вториот сет, го крена нивото на играта и самодовербата. Во решавачкиот сет го збриша својот противник од теренот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лопетеги повеќе не е тренер на Вест Хем, доаѓа Потер
По неколкудневните преговори со нов кандидат, Вест Хем се сети да му го врачи отказот на сегашниот тренер, Хулен Лопетеги.
Она што се најавуваше некое време сега стана и официјално. Клубот од источен Лондон објави дека Лопетеги повеќе не е селектор на премиерлигашот, но се’ уште не го официјализирал доаѓањето на нов тренер.
„Чеканите“ се најдоа во незавидна ситуација на табелата. Моментално се само 14-ти со само 23 бода, што не беше ни блиску до очекуваното на почетокот на сезоната. Лопетеги не ги оправда очекувањата ниту на навивачите, ниту на управата, па челниците на лондонскиот клуб решија да бараат друг тренер. Тоа го направија многу транспарентно.
Додека Лопетеги официјално беше на клупата на Вест Хем, се појавија фотографии од челниците на лондонскиот тим како седат со поранешниот тренер на Челзи, Грем Потер.
Англискиот стручњак ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на Вест Хем, само се чека на официјализирање на соработката.
Следниот натпревар „Чеканите“ ќе го одиграат против Астон Вила во ФА Купот во петок од 21:00 часот.
Спорт
Куп на кралот – Барса и Реал се домаќини на Бетис и Селта, Атлетико гостува кај второлигаш
Барселона во осминафиналето на Купот на кралот ќе се соочи со Бетис, додека Реал Мадрид на домашен терен ќе игра со Селта Виго, беше одличено денес со ждрепка.
Бранителот на титулата, екипата Атлетик Билбао во осминафиналето ќе ја пречека Осасуна од Памплона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против второлигашот Елче.
Во останатите натпревари третолигашот Оренсе ја пречекува Валенсија, четвртолигашот Понтеведра на домашен терен игра против Хетафе, второлигашот Алмерија го пречекува Леганес, а осминафиналето го заокружува натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Рајо Ваљекано.
Натпреварите од осминафиналето се закажани за 14 до 16 јануари.
Спорт
Илон Маск сака да го купи Ливерпул за седум милијарди евра
Илон Маск, контроверзниот милијардер, наводно размислува да го купи Ливерпул, за кој е подготвен да издвои повеќе од седум милијарди евра. Ова го потврди неговиот татко Ерол во интервју за Радио Тајмс.
Маск постариот првично одби да ги коментира гласините бидејќи тоа може да ја зголеми цената на клубот од „Енфилд“, но на инсистирање на водителот призна дека Илон навистина сака да го купи славниот фудбалски клуб, а објасни и зошто токму Ливерпул.
„Точно е дека Илон изрази желба да го купи Ливерпул, но тоа не значи дека тој навистина ќе го направи тоа. Дали тој сака да го направи тоа? „Секако, кој не би сакал, би сакал и јас да го направам тоа“, изјави Ерол Маск. „Баба му е родена во тој град, таму имаме роднини, а Битлси пораснаа со некои од моето семејство“, објасни Ерол за мотивацијата на неговиот син, кој се поврзал со градот кога татко му го однел во Ливерпул како момче.
Теоријата за интересот на Илон Маск за купување ја лансираше Weekend Sport, според кој цената би била 7,2 милијарди евра, што е помалку од два отсто од богатството на Маск, кое се проценува на 400 милијарди евра.
Маск е сопственик на поранешниот Твитер, сега познат како платформа Х, како и фабриката за автомобили Тесла.