Спорт
Клоп и Солскјер избираат: Роналдо или Салах?
Пред големото англиско дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“, менаџерите на двата клуба не сакаа да избираат меѓу Кристијано Роналдо и Мохамед Салах иако, нормално, секој си го поддржа својот играч.
Клоп вели дека не може да се споредуваат кариерите на двајцата играчи, но оценува дека Салах е подобар во ударите со левата нога, Роналдо е посилен во воздухот, а Солскјер изјави дека секогаш ќе го поддржува „својот човек“.
„Зошто да ги споредуваме, двајцата се играчи од светска класа. Би кажал дека левата нога на Мо е подобра, а Кристијано е подобар во воздушните дуели и можеби со десната нога. Брзината? Двајцата се брзи и очајни по голови, но нема да ги споредувам, извинете“, изјави Клоп.

Салах има 12 гола во 11 меча за Ливерпул оваа сезона, од кои два неверојатни соло гола, кои предизвикаа самиот Клоп да изјави дека нема подобар играч на денешницата од него. Роналдо, пак, има 6 гола во Манчестер јунајтед оваа сезона вклучувајќи два драматични гола за победа во ЛШ против Вилјареал и Аталанта.
„Секогаш би го поддржувал Кристијано во секое натпреварување. Тој е уникатен и има неверојатен број голови. Секако, Салах е во добра форма во моментот и кога ќе ги видите головите што ги постигна во последно време, знаете дека мора да го чувате добро. Такви играчи не се наоѓаат лесно и мора да уживаме да ги гледаме оддалеку, и ако не во недела, тогаш ќе се блиску. Нападот на Ливерпул е за почитување со Мане и Фирмино, а тука е и Жота“, вели Солскјер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јунајтед по пресврт до победа, Тотенхем и Нотингем Форест тонат во бездната
Три натпревари се одиграа во Премиер лигата во терминот од 15 часот, победија домаќините со идентичен резултат 2:1.
Манчестер Јунајтед стигнаа до три бода по пресврт во второто полувреме, против Кристал Палас, а важен детаљ беше директниот црвен картон за Максенс Лакроа во 56-та минута.
Французинот беше тој што му донесе предност на Палас во четвртата минута од играта, но подоцна се претвори во трагична фигура.
Судијата Крис Кавана досуди пенал за Јунајѕед, а по консултација со ВАР собара процени дека треба и да му покажа црвен картон на Французинот.
Најстрогата казна во 57-та минута рутински ја реализираше капитенот на домашниот тим, Бруно Фернандес.
Фернандес запиша и асистенција во 65-та, за Бенјамин Шеско. Словенецот го постигна четврти гол во последните пет натпревари.
Јунајтед сега се искачи на третото место со 51 бод, 10 зад лидерот Арсенал, додека Палас падна на 14-то место и има 35 бода.
Тотенхем и Нотингем Форест жестоко се борат за опстанок, загубија во пресметките со Фулам, односно Брајтон.
Фулам во лонндонската пресметка му го нанесе 13-от пораз на Тотенхем оваа сезона, втор под водство на Игро Тудор. Вилсон и Ивоби му донесоа голема предност на Фулам во првиот дел, во вториот Ришарлисон намали на 2:1, но Тотенхем немаше сила да избегне пораз.
Во Брајтон, конечниот резултат беше поставен по само 15 минути игра. Брајтон поведе преку Гомес во шестата минута, за Форест израмни Гибс-Вајт во 13-та, а две минути подцна ветеранот Велбек го постави конечниот резултат.
Тотенхем е 16-ти со 29, а Форест позиија подолу со 27 поени, Вест Хем на 18 место има 25 бодови.
Foto/ EPA
Спорт
Барселона без Левандовски против Атлетико
Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе го пропушти натпреварот против Атлетико Мадрид.
Каталонскиот клуб потврди во официјално соопштение дека Левандовски претрпел силен удар во пределот на очите и дека се здобил со повреда, поради која нема да му биде достапен на Ханси Флик за натпреварот против Атлетико Мадрид.
Ова е огромен удар за Барселона, на која ќе ѝ биде потребна целата расположлива напаѓачка моќ за да се обиде да постигне четири гола и да се врати во двомечот против своите големи ривали.
Во првиот натпревар, Атлетико победи со 4:0 и со тоа им го нанесе најубедливиот пораз на Каталонците во ерата на Ханси Флик.
Од оваа недела е познато дека дури и повредениот Френки де Јонг нема да игра против Атлетико, кој ќе биде надвор од теренот до април, додека Ерик Гарсија нема да игра поради црвениот картон на првиот натпревар.
Натпреварот Барселона – Атлетико Мадрид е закажан за вторник во 21 часот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Војната влијае и на фудбалот: Одложена „Финалисима“ во Катар
Поради актуелните конфликти во голем број азиски земји, „Финалисима“, натпреварот во кој требаше да се сретнат актуелните шампиони на Европа и Јужна Америка е одложен.
Натпреварот Шпанија-Аргентина беше закажан за 27 март во Катар, но бидејќи оваа земја е погодена од актуелната воена ситуација, беше објавено дека натпреварот е суспендиран.
Катар беше цел на ирански напади како една од земјите на Блискиот Исток на чија територија се наоѓаат американски воени бази.
Да потсетиме дека САД и Израел го нападнаа Иран во организирана воена операција и во тој процес го елиминираа верскиот лидер на оваа земја, ајатолахот Хамнеи, така што Иран одговори со воздушни напади врз ОАЕ, Катар, Бахреин, Јордан, Кувајт…
Сето ова ги принуди катарските власти да ги одложат сите фудбалски натпревари и турнири до понатамошно известување.
Foto/ depositphotos

