Црна хроника
Познат разбојник се обидел да ограби возач на автобус

Познат разбојник вчера попладне се обидел да ограби возач на автобус на меѓуградската автобуска во Скопје, соопшти МВР.
Додека возачот од кавадаречката компанија „Експрес бус“ им го симнувал багажот на патниците, крадецот влегол во автобусот и му го украл паричникот во кој имало 275 евра, 5.990 денари и документите кои биле оставени во автобус.
Во обидот да избега, возачот го забележал и пробал да си ги врати украдените работи, но разбојникот извадил нож и тргнал да се качи во такси и да избега од автобуската станица, во што бил спречен од двајца полицајци, кои го пресретнале и го привеле. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Блокиран пат кај Велес поради сообраќајна несреќа

Од 15.25 часот на регионалниот пат кај мотел Велес до Велес, сообраќајот е во целосен прекин.
Од АМСМ информираа дека прекинот е поради сообраќајна несреќа.
Засега нема информации дали има повредени во несреќата.
Црна хроника
Автомобил удри во жена во Струмица

Вчера на крстосницата од улиците Братство единство и Браќа Миладинови во Струмица, автомобил „пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од селото Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица.
Извршен е увид.
Топ
Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале.
Случајот во МВР го пријавила 37-годишна битолчанка, а според информациите, децата, во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзината другарка на полови дејствија.
Се преземааат мерки за расчистување на случајот.