Црна хроника
Во Ченто од веспа фрлиле бомба

Во саботата околу 23:05 часот во Скопје на ул.„Фуштанска“, од страна на две непознати лица кои се возеле на веспа, била фрлена засега непозната експлозивна направа
Од фрлената експлозивна направа при што е предизвикано оштетување на двете странични леви стакла, задната лева гума и лимаријата од левата страна на „Пежо 307“ со скопски регистерски таблички, сопственост на триесет и двегодишниот Б.С. од Скопје. Од настанатата експлозија нема повредени лица. Увид на лице место е извршен од страна на екипа од Одделението за крим техника при СВР-Скопје и екипа од Одделот за антитерозизам, при што за вештачење се земени примероци од експлозивната направа. СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тинејџер во Скопје за 20 дена украл четири велосипеди, електрични тротинети и мопед

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за кражби на велосипеди, електрични тротинети и мопед.
За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства и да ги одземе.
На 28 септември осомничениот украл и мопед вреден 60.000 денари.
Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи тоа е единствен начин да се обезбеди неговото присуство во понатамошната кривична постапка.
Црна хроника
Жител на Дебар бесправно изградил објект на државно земјиште крај Дебарското Езеро

Жител на Дебар бесправно изградил објект од 88 метри квадратни на државно земјиште крај Дебарското езеро.
Полицијата поднесе кривична пријава против К.Ц.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ по член 244 и „Узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.
Тој, во текот на јуни оваа година, на катастарска парцела во државна сопственост кај месноста „Бадеми“ покрај брегот на Дебарското езеро, без одобрение за градба и спротивно на Законот на градење, неовластено изградил објект во вкупна површина од 88. 40 метри квадратни.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдена дрога: двајца уапсени

Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода 22-годишниот Д.З. и 23-годишниот Н.Д., двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.