Црна хроника
70-годишна жена тешко повредена по удар од автомобил во Струмица
70-годишно лице од Струмица се здобило со тешки телесни повреди по удар од автомобил, соопшти полицијата.
Имено вчера во 13,30 часот било пријавено дека во Струмица на ул.“24-ти Октомври“ патничко моторно возило “џип“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Б.М.(29) од Струмица удрило во пешакот Л.М.(70) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М. констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец тешко повреден во судир со возило со српски ознаки во Скопје
Синоќа околу 20:40 часот, на крстосницата меѓу улиците „Разловечко Востание“ и „Вич“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила „хјундаи“ со скопски регистарски таблички и „шкода“ со српски национални ознаки.
Хјундаито го управувал 52-годишниот В.Л. од Скопје, додека зад воланот на шкодата бил 38-годишниот Р.Ѓ. од Србија, кој моментално престојува во Скопје.
Во несреќата тешко се повредил возачот на хјундаито. Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од скопската полиција по наредба на јавен обвинител.
Црна хроника
Грк учествувал во сообраќајка кај преминот Меџитлија – тешко повредена 23-годишна битолчанка
Вчера околу 19:55 часот, на патот од Битола кон граничниот премин Меџитлија, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила — „опел корса“ со битолски таблички и „фолксваген поло“ со грчки регистерски ознаки.
„Опел корсата“ ја управувала 23-годишната А.С. од Битола, додека „поло“-то го возел 30-годишниот А.Х. од Грција. Во судирот тешко се повредила 23-годишната А.С., а повредите ѝ биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од битолската полиција.
Црна хроника
Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Гостивар
Вчера вечерта, околу 19:45 часот, на кејот „Братство-Единство“ во Гостивар, 76-годишниот П.П. од Гостивар беше тешко повреден откако врз него налетало возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистерски таблички.
Автомобилот го управувал 63-годишниот Џ.М. од селото Мало Турчане. Повредениот пешак бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа од гостиварската полиција.

