Топ
Кочанчанец нудел пари за глас за кандидат за градоначалник

Вчера во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, од политичка партија било пријавено дека М.М.(63) од Кочани агитирал врз Ш.И. нудејќи и паричен надоместок за да гласа за еден кандидат за градоначалник.
Во врска со пријавата, во 17.50 часот во Полициската станица бил извршен службен разговор со М.М..
Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица, се чека околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Топ
11-годишно дете и маж се тешко повредени откако возилото излетало низ дупка во оградата кај Прилеп

11-годишно дете и маж се здобиле со тешки телесни повреди, откако попладнево нивниот автомобил излетал од експресниот пат Прилеп–Градско и паднал околу 40 метри под патот, во населено место.
Детето, според информациите, се наоѓа во критична состојба, додека возачот исто така бил со сериозни повреди. Двајцата повредени се итно префрлени на Клиничкиот центар во Скопје, каде им е укажана лекарска помош. Трето лице, сопатник во возилото, поминал со полесни повреди и е згрижен во болницата во Велес.
Како што информираа од Основното јавно обвинителство Велес, несреќата се случила кога автомобилот марка „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички, во остра лева кривина изгубил контрола, удрил во претходно оштетена заштитна ограда и излетал од патот, паѓајќи во длабочина од околу 40 метри.
Јавен обвинител веднаш излегол на терен и извршил увид на лице место, при што издал наредби за технички преглед на возилото, како и проверка на присуство на алкохол кај возачот. Дополнително, подигнати се биолошки и други траги за понатамошно вештачење.
„Собраните материјални докази и резултатите од вештачењата ќе бидат искористени за утврдување на причините за несреќата и евентуалната одговорност“, информираат од Јавното обвинителство.
Македонија
Границите во колапс, по еден час се чека на Табановце и на Богородица

Зголемена фреквенција на возила и чекање од околу еден час се евидентирани на граничните премини Табановце и Богородица, информира Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини, според АМСМ, сообраќајот се одвива нормално без подолги задржувања за влез или излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на возилата е зголемен, особено надвор од градските средини.
Од АМСМ препорачуваат зголемено внимание при управување со возилата, прилагодување на брзината, како и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони.