Црна хроника
Осум кражби викендов во Охрид
Осум кражби се евидентирани викендов на подрачјето на Охрид
Според СВР Охрид, изминатиот викенд евидентирани се едно кривично дело „тешка кражба“, седум дела „кражба“, едно кривично дело “загрозување на сигурноста“, едно кривично дело „измама“, две дела „оштетување“, три нарушувања на јавниот ред и мир и четири сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.На станичното подрачје на полициската станица Струга, евидентирани се пет кривични дела „тешка кражба“, четири „оштетувања“, едно нарушување на јавниот ред и мир и четири сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.На подрачјето на полициската станица Кичево, регистрирани се едно кривично дело „измама“, едно кривично дело „тешка кражба“ и еден случај на омаловажување на униформиран полициски службеник.На станичното подрачје на полициската станица Дебар, евидентирани се два случаи на „оштетување“, соопштија од СВР Охрид
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

