Црна хроника
Во бугарски пикап откриени 92 штеки цигари
Во вторникот навечер ,македонските царински службеници спречија обид за криумчарење на 92 штеки цигари со македонски контролни маркички.
Во вечерните часови, на граничниот премин Деве Баир, за излез од државата се пријавиле двајца бугарски државјани, со пикап со бугарски регистарски ознаки, сопственост на бугарска фирма, кое истиот ден, во вторникот, во утринските часови се пријавило за влез во Македонија како празно возило.
Откако возилото им станало сомнително на припадниците на мобилниот царински тим и царинските службеници од граничниот премин, бил извршен детален преглед на пикапот, при што зад возачкото и совозачкото седиште, во фабричките шуплини во патосот на возилото биле пронајдени сокриени 92 штеки цигари марка „19“, со македонски контролни маркички.
Непријавените цигари се привремено задржани, а против прекршителите ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа на Република Македонија./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и патеки без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

