Спорт
Сампдорија преговара со Дејан Станковиќ
Сампдорија, еден од култните клубови во Серија А, се наоѓа во сериозна криза. Цехот за седумте порази во првите 12 кола, веројатно, ќе го плати тренерот Роберто Даверса. „Спорт клуб“ тврди дека Сампдорија испратила сериозна понуда до тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ.
Сампдорија и во летниот преоден рок беше заинтересирана за Станковиќ, но тој тогаш ја одби нивната понуда. Ситуацијата сега е поинаква. „Спорт клуб“ објави дека Станковиќ ќе се врати во Италија.
Даверса ќе добие уште една шанса. По репрезентативната пауза, Сампдорија ќе мора да ја победи Салернитана, во спротивно ќе добие отказ.
Станковиќ има договор со Црвена звезда и во наредните 18 месеци. Конкретната понуда од Сампдорија ги мобилизирала челниците на српскиот шампион. Тие ќе ги преземат сите мерки за да го задржат тренерот и да ги зацврстат неговите позиции во клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(ВИДЕО) Историска победа на Турција
Турција со одличен резултат се пласира во четвртфиналето на европското првенство, откако ја совлада Австрија која доживеа вистински пораз.
Годинава на Европското беа на првото место во една од најтешките групи, и изгледаа дека имаат одличен компактен тим за кој многу експерти предвидуваа дека ќе го оди до крај.
Сепак, Турција беше подобра и поради дисциплинираната одбрана.
Турција од вечерва ќе стане побогата за две фудбалски имиња – Мерих Демирел и Мерт Гунок.
Дефанзивецот Демирел постигна два гола од корнер, а Гунок со одлична одбрана во последните минути од натпреварот ја спаси победата на тимот.
Голманот на турската репрезентација херој на мечот.
Тој во последните моменти од мечот против Австрија го сопре обидот на Кристоф Баумгартнер и на тој начин спречи израмнување (2:1).
Голманот на Бешикташ ја направи можеби најдобрата одбрана на турнирот, ако се земе предвид моментот на игра.
Извесно е дека Турците имаат играчки и тактички квалитет за понатамошниот тек на натпреварувањето, а резултатот од 2008 година, односно полуфиналето, сигурно ќе биде мотив за следната рунда.
Спорт
Нема ден без селекторот
Пикси смета дека дал максимум за својата репрезентација.
Во наредниот период се очекува Стојковиќ да има разговори со првиот човек на ФСС Драган Џајиќ, а потоа и со претседателот на државата.
Во договорот потпишан од ФСС со Стојковиќ стои дека во случај на отказ, ќе му се должи сума од еден милион евра, а тоа е еден од главните проблеми околу оставката на актуелниот тренер, што можеби нема ни да се случи!
Доколку во секој случај ФСС решат да ја прекинат соработката со Стојковиќ, ќе имаат тешка работа во поглед на наоѓање нов тренер.
Од тамошните тренери на таа функција претендираат Славиша Јокановиќ и Александар Јанковиќ, додека веќе на големо се зборува дека во случај на отказ на Стојковиќ на негово место би можел да дојде тренер од странство.
Србија во септември ќе има обврски во Лигата на нации каде ќе се натпреварува во најсилната А дивизија, а ривали во групата ќе бидат Шпанија, Данска и Швајцарија, сите учесници во нокаут фазата на ЕП.
Србија во декември ќе ги добие ривалите во квалификациите за СП 2026 година, а борбата за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада ќе започне во март 2025 година.
Спорт
Модерниот дом на фудбалот
Модерниот дом на фудбалерите на Лајпциг се наоѓа на местото на некогаш најголемиот стадион во Германија и еден од најголемите во Европа.
Во него се вградени најнапредните аудио-визуелни системи.
Oсветлувањето е интегрирано во покривот, а акустиката на стадионот е најдобра во земјата.
„Стадионот Лајпциг“, како што официјално се нарекува за време на Европското првенство, прима 40.000 навивачи – помалку од сите останати.
Поради добрата акустика, стадионот во Лајпциг беше домаќин на концертите на Тина Тарнер, Пол Макартни и многу други музички великани.
Градот Лајпциг е познат во светот по својата богата музичка традиција и импресивна архитектура.
Кулата висока 142,5 метри е најпрепознатливото архитектонско обележје на Лајпциг, а палубата за набљудување на 31-ви кат нуди панорамски поглед на целиот град и поширокиот регион.
Ова е последен дуел на Европското првенство што ќе се одигра во Лајпциг.