Црна хроника
МВР предупредува на зачестени измами преку e-mail
Зачестена појава на интернет измами со нелегално превземање и измамничко посредување во деловната комуникацијата преку електронска пошта (e-mail) помеѓу македонски компании и нивните бизнис партнери од странски земји забележана е во последно време, предупреди во неделата МВР.
Според единицата за компјутерски криминал овие измами најчесто се забележани во комуникацијата на македонски компании со нивни партнери од Азија, Африка и Латинска Америка. Добро организирани меѓународни криминални групи со примена на т.н spam пораки и методи на phishing успеваат да ја “украдат” лозинката за пристап до email-от на еден од бизнис партнерите при што добиваат непречен пристап до историјата на целокупната комуникација. Криминалните групи креираат нови e-mail адреси кои минимално односно за еден карактер се разликуваат од оригиналните и истите тешко се забележуваат во комуникацијата, се вели во соопштението Измамниците со примена на “украдената” лозинка ја преземаат оригиналната порака , ја модифицираат и ја препраќаат од еден од лажно креираните емаил адреси. На тој начин двете страни во комуникацијата се ставени во заблуда дека комуницираат со вистинскиот партнер. Најчесто измамниците, кои се претставуваат како вистинскиот партнер – испорачател на договорената стока му испраќаат порака на партнерот – набавувач дека ја промениле банкарската сметка за уплата на средствата и бараат авансните средства да бидат уплатени на нова сметка која ја доставуваат во прилог на пораката. Овие криминални групи располагаат со банкарски сметки во многу земји од светот: САД, Хонг-Конг, Кипар..и многу често доколку некоја од сметките е блокирана за краток рок доставуваат алтернативна сметка за уплата. За успешно разоткривање на ваквите меѓународни криминални групи и пронаоѓање на сторителите потребна е соработка и координација помеѓу надлежните институции во земјите на засегнатите страни како и со други меѓународни институции за борба против организираниот криминал. Бидејќи процесот на разрешување и санкционирање согласно меѓународно-правните регулативи е долготраен МВР препорачува превентивно делување во насока на сузбивање на овој вид кривични дела што опфаќа, внимателност при промена на ентитететите во комуникацијата (промена на e-mail адреса, промена на лице за контакт, промена на банкарска сметка и сл.), компаниите меѓусебно да обезбедат повеќекратен начин на авторизација и автентикација (телефонска потврда на наведеното во емаил пораката, дигитални потписи на пораките и сл.) и доколку се забележат сомнителни содржини случајот да се пријави во Единицата за компјутерски криминал пред да се изврши уплатата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

