Црна хроника
Приведен прилепчанец за одгледување марихуана
Прилепчанец во својата викендица одгледувал марихуана, соопшти Министерството за вантрешни работи, што е трет случај во последниве десет дена во три различни града во земјава да бидат откриени нелегални насади на канабис сатива
Приведениот на информативниот разговор со полицијата изјавил дека при требењето на марихуаната, ги фрлал семките од марихуаната што ја пушел и најверојатно стеблата израснале од семките.При претрес во неговата викендица полицијата пронашла две стебла марихуана со висина од околу еден метар и десет најлонски ќеси полни со марихуана.Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против четириесет и тригодишен прилепчанец.Тој бил долгогодишен уживател на дрога, често пати ги берел листовите на растението, ги сушел и ги дробел. Истражен судија му одреди мерка притвор во времетраење од 15 дена.Пред една недела полицијата го приведе млекарот Душко Илиевски, заедно со неговиот татко и брат. Битолската полиција во градината на семејството Илиевски во Градско поле пронајде 207 стебла „канабис сатива“.Семејството Илиевски тврдеше дека станува збор за див коноп и дека врз нив се врши политички притисок. Опозицијата собираше потписи за поддршка на млекарот, а владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека опозицијата брани луѓе кои одгледуваат дрога.Штипската полција, пак, во петокот уапси 21-годишен лице кое крај светиниколското село Горобинци полевал 37 стебла марихуана. Осомниченото момче со иницијали Д.Ц. од Свети Николе бил уапсен од полицајците додека во атарот на селот Горобинци, кај месноста Бела Чешма, ги полевал стеблата канабис сатива. Момчето беше приведено и задржано во полициската станица во Свети Николеа од СВР Штип во сабота беше предаден на надлежен Истражен судија во Основниот суд Штип, од чија страна му е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

