Црна хроника
Запленети 308 парчиња луксузна облека во „бутик“ во Бутел

Разновидна брендирана облека од марките „Бриони“, „Хуго Бос“, „Армани“, „Д и Г“, „Кавали“, „Дизел“, „Риплеј“, „Келвин Клаин“ и други познати светски брендови се пронајдени при претрес на куќата во скопската населба Бутел, соопштуваат од Царинската управа
Двајца скопјани продавале криумчарена стока од познати светски брендови. Царинските власти вчера го откриле нелегалниот „бутик“.При претресот биле запленети 308 парчиња на луксузна облека, машки костуми, машки кошули, фармерки, пантолони, фустани, кожни јакни, капути, мантили, женски комплети и блузи, кои биле закачени на закачалки и изложени на рафтови. Освен тоа била пронајдена и облечена кукла за во излог, празни закачалки, хартиени ќеси за пакување на купена облека, испечатени визит карти со име и телефонски број, тефтер во кој биле забележани имињата на купувачите кои должеле пари за скапата стока и остварена заработка, како и повеќе куфери кои користеле за пренесување на брендирана облека. Стоката што ја продавале најчесто ја носеле од Србија, ја пренесувале со сопствено возило, избегнувајќи ги царинските давачки, а за стоката не поседувале никакви документи. По Мадам Пепи ова е втор случај на откриена нелегална продажба на брендирана стока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје.
Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј.
Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.
Црна хроника
Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат

Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.