Спорт
Човек на денот е Жуниор Месијас, екс-доставувачот кој го даде клучниот гол за Милан!

Трансферот на Жуниор Месијас ова лето од Кротоне во Милан (официјално на позајмица), беше еден од најчудните, и зад кој се криеше најневеројатната фудбалска животна приказна.
30-годишниот Бразилец, кој дебитираше како професионалец во Серија Ц во 2018 на 27 години, откако се пресели во Италија да работи како доставувач на фрижидери, вечерва е херојот на „росонерите“, седумкратните европски шампиони, откако го постигна првиот гол во дресот на Милан на гостувањето кај Атлетико Мадрид за победа со која ги заддржија шансите за пласман во осминафиналето.
Ова беше прв настап на Жуниор Месијас во Лигата на шампионите!
?? JUNIOR MESSIAS, WHAT A TIME TO SCORE YOUR FIRST GOAL!pic.twitter.com/YvnemiwGec
— SempreMilan (@SempreMilanCom) November 24, 2021
На линкот е приказната за неверојатниот животен пат на Бразилецот.
Од доставувач на машини за перење до Лига на шампиони – Милан му даде договор на Жуниор Месијас
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонските едриличари настапуваат на Балканското првенство во Несебар

Едриличарската Федерација на Македонија ќе ја претставува нашата земја на 53-тото Балканско првенство во едрење за олимписки класи и Оптимист, што ќе се одржи во Несебар, Бугарија.
Настанот, во организација на Бугарската едриличарска федерација и Општина Несебар, ќе ги собере најдобрите едриличари од балканските земји кои ќе се натпреваруваат во класите Optimist, ILCA 4, ILCA 6 и Finn.
Натпреварите ќе се одвиваат од 17-ти до 19-ти Октомври, планирано е одржување на максимум девет трки во секоја класа, а завршната церемонија и доделувањето на медалите ќе се одржат на 19 октомври.
„Балканското првенство е еден од позначајните настани за нашиот спорт и претставува можност македонските едриличари да ги измерaт своите сили со најдобрите од регионот во конкуренција на голем број светски и европски прваци. Нашата репрезентација се состои од вкупно 13 натпреварувачи во машка и женска конкуренција, како во младинска така и во сениорска конкуренција. Нашата цел е преку вакви настапи да им овозможиме континуиран развој, искуство и меѓународна афирмација“ изјавија од Едриличарската Федерација на Македонија.
Балканското првенство е дел од официјалниот календар на европски и регионални регати, дел од календарот на Светската едриличарска федерација и претставува важен чекор во развојот на младите таленти и афирмацијата на олимписките дисциплини.
Со ова учество, Едриличарската федерација на Македонија го продолжува континуитетот на активно претставување на меѓународната сцена, после Светското Првенство во Словенија и Европоското Првенство во Полска, а со цел унапредување на спортот едрење и промоција на македонските спортисти и нашата земја.
Спорт
Ламин Јамал почна да наплаќа за автограм

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.
Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа.
Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери преку која ќе го продава својот потпис.
Тој доби понуда, објавува „Мундо Депортиво“, која ја прифати и ништо повеќе нема да биде бесплатно кај него.
Уште повеќе, тој дури нема да дава премногу автограми, бидејќи колку помалку има, толку се повредни и поскапи.
Ова не е ново во светото на спортот, ново е во Европа. Леброн Џејмс и Лионел Меси го прават тоа во САД.
Наводно, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Џејмс, од еден продаден автограм за работува и до 15.000 долар
Спорт
(Видео) Манасков го постигна голот на колото во ЛШ

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Манасков, го постигна најубавиот гол во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Еурофарм Пелистер, во средата загуби од Барселона во Битола со 30:34. Манасков голот на колото го постигна во последната минута. Тоа беше цепелин, додавање од голманот Митревски, а левото крило на Еурофарм Пелистер погоди од невозможен агол.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 powered by Gorenje!
1️⃣ Dejan Manaskov – HC Eurofarm Pelister
2️⃣ Mathias Gidsel – Füchse Berlin
3️⃣ Martim Costa – Sporting Clube de Portugal
4️⃣ Lazar Kukic – OTP Bank-PICK Szeged
5️⃣ Felix Claar – SC Magdeburg#ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/ZVZpxxXnmg— EHF Champions League (@ehfcl) October 17, 2025