Црна хроника
Момчиња со воздушна пушка стрелале во студенти
Тројца студенти во студенсткиот дом „Пелагонија“ синоќа околу 21:30 часот биле повредени со воздушна пушка
Додека 23-годишниот Ѓ.Ш. од Гевгелија, 20-годишниот Ф.Ј. од Прилеп и 23-годишната Ј.Ц. стоеле на прозорците биле погодени со воздушна пушка од страна на петмина напаѓачи на возраст од 19 до 23 години. Кај Ѓ.Ш. се констатирани повреди на левата рака, кај Ф.Ј. во стомакот и кај Ј.Ц. во пределот на левата рака. Повреден е и еден случаен минувач во пределот на десната нога. Сите се пренесени во Градската Болница и се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Петмината напаѓачи се приведени и против нив ќе следува соодветна пријава. Кај нив биле пронајдени две кутии со дијаболи, а воздушната пушка била во сопственост на 19-годишниот З.П, кој ја поседувал без дозвола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти
Синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полицијата го приведе 26-годишниот Ф.Ш. од Косово.
При извршен преглед на „голф 7“ со косовски национални ознаки – автомобилот којшто тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш, информираа од МВР.
Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје.
По целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува пријава.
Топ
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К..
Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.