Црна хроника
Тигар усмрти вработена во британски ЗОО парк
Вработена во лондонската зоолошка градина во британската грофовија Камбрија, е тешко осакатена во напад на тигар во петокот, по што починала, објави локалната полиција во саботата.
Според сопственикот на зоолошката градини, Дејвид Гил, 24-годишната Сара Меклеј била нападната во петокот во оградениот простор за дивите мачки во зоолошката градина „South Lakes Wild Animal Park“ во местото Далтон-ин-Фарнес во северозападна Англија, со што самата ги нарушила правилата за безбедност, пренесува BBC.
„Не можеме да знаеме зошто таа влегла внатре, не му кажала никому. Немаше причина да влезе таму“, изјавил сопственикот. Додал дека нема никакви мерки да се преземат кој тигарот, зашто однесувањето на предаторот било сосема очекувано, животното само го следело својот иснтинткМладата жена која потекнувала од спомнатата грофовија била пренесена со хеликоптер во болница, но таму им подлегнала на тешките повредите. Полицијата и локалните власти отвориле истрага за да ги расветлат околностите во кои дошло до трагедијата.
Според полицијата тигарот по нападот бил затворен во неговото живеалиште во зоолошката, а посетителите не биле во опасност за време на инцидентот. Паркот бил веднаш затворен, а посетителите замолени да го напуштат.
Зоолошката градина во саботата повторно е отворена за посетителите. Зашто, според убедувањето на сопственикот, не постои опасност за безбедноста и животите на посетителите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

