Црна хроника
Осомничениот за убиството во Аеродром пред истражен судија
Осомничениот за тројното убиство што синоќа се случи во скопската населба Аеродром, по информативниот разговор во полициска станица, вечерва беше изведен пред истражен судија
Ладнокрвно, исто како што е извршено убиството во четврток навечер во ресторанот „Биг фиш“, осомничениот вечерва се појави и пред истражниот судија.Четириесет иседум-годишниот Тони Денковски од Скопје, кој утрово сам се пријави во полициска станица и призна дека пукал во двајцата велешани и скопјанецот.Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во петок на прес-конференција. изјави дека поради тежината на кривичното дело, на Денковски најверојатно ќе се настојува да му биде одредена мерка притвор.Мотив за убиството, најверојатно се нерасчистени должничко-доверителски односи, меѓу осомничениот Денковски и убиениот Јордан Јорданов, со прекар Ркулот, во јавноста познат по вмешаност во случајот „Франкфурт мафија“.Полицијата се уште истражува зошто настрадаа Владо Милошев и Влатко Андреевски, кој синоќа седеле на иста маса со Јорданов ако првично се знае дека цел на напаѓачот бил само Ркулот. МВР нема информации зошто во тоа друштво бил Милошев, полициски службеник кој работел во одделот за обезбедување на странски делегации. Министерката Јанкулоска најави дека ќе се истражат шпекулациите дека токму нивниот припадник бил врската меѓу подземјето и полицијата.Вчера, малку пред 20 часот, Тони Денковски влегол во „Биг фиш“, со автоматска пушка пукал кон жртвите. Јорданов почина на лице место, а двајцата на повредите им подлегнаа во Ургентниот центар. Денковски го фрлил оружјето пред рибарницата и со автомобил Опел корса избегал од местото на инцидентот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

