Црна хроника
Криминална група „олеснувала“ банки со лажни документи
Криминална група составена од неколкумина скопјани и две штипјанки била фатена како „олеснува“ банки, земајќи кредити со фалсификувани документи, соопштуваат од МВР.
Организираната криминална група се занимавала со изработка на разни видови фалсификувани документи како М1 и М2 обрасци за вработување, потврди за вработување во разни фирми, сметки за комунални давачки, ПДД-МП образец за пресметка на исплатувач на плати за пресметан персонален данок итн. Овие фалсификувани документи, биле употребувани од членовите на групата или од други „заинтересирани“ лица, за нелегално да се стекнат парични средства, како и за да добијат разни видови кредити на кредитни картички во повеќе банки во РМ, кои без фалсификуваните документи, не би можеле да ги добијат.Членовите на криминалната група се стекнале со незаконит профит по основ на сторено кривично дело „измама“ во износ од 2.601.600 денари, потоа нелегален профит по основ побаран и добиен процент од граѓани во висина од 232,075 денари – процент за секое одобрено право добиено врз основа на фалсификувани исправи. По основ на нелегални активности (измами, процент и незаконски стекнато право) оствариле нелегален профит во висина од вкупно 3.287.675 денари. Исто така со своето незаконито постапување овозможиле останатите пријавени да се стекнат со право и незаконита имотна корист во износ од 1.276.500 денари, соопштуваат од МВР.Организатор и лидер на оваа криминална група била С.Ф. која организирала, договарала, учествувала во изготвување на документи, носела апликации во филијалите на банките, присуствувала на средби и подигала пари за завршени и незавршени услуги, ветувала добивање на кредити со што „измамила“ т.е. довела во заблуда повеќе лица. Таа воедно е и сопственик на фирмата „ВЕРИТАС ФОРТУНА“ која се користела за вршење на кривични дела, односно на компјутерите на фирмата биле изработувани фалсификуваните документи, а името на фирмата најчесто било впишувано во фалсификуваните исправи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор
Денеска во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода 26-годишниот Е.Т. од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.
По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца кавадарчани за сторено кривично дело „лихварство“
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари за што оштетениот доставил и докази.
Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.
Црна хроника
Крадец влегол во куќа во Битола, го затекнал сопственикот
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка за кривично дело – Разбојничка кражба против едно лице на возраст од 36 години.
На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.

