Црна хроника
Поднесено обвинение против актерот Кирил Поп-Христов – Кили
Јавното обвинителство покрена обвинение против актерот Кирил Поп-Христов за неовластено одгледување и производство на марихуана, јавува Канал 5 телевизија.
Обинителството дало и мислење да му продолжи притворот на актерот иако неговото здравје е влошено и деновиве, како и во петокот, од затворот во Шутка беше однесен на Клиника.
Денеска, според директорката на затворот, Кили бил однесен во болница на преглед за раката која му била скршена.
Семејството стравува за неговот здравје поради туморот што го има на грбот, а неговиот адвокат побара Кили да се брани од слобода.
Тој беше уапсен за производство на марихуана откако во семејна куќа во Визбегово беа откриени 80 саксии марихуана. Неговиот брат, кој исто така е осомничен, но е надвор од земјава изјави дека марихуната ја одледувале за медицински цели, односно за туморот на Кили./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

