Црна хроника
Со лажен пиштол извршен грабеж на пошта во Охрид
Непознат напаѓач со лажен пиштол успеал вчера да одземе 16.000 денари од експозитурата на Македонски пошти на ул. „Билјанини извори“ во Охрид, во близина на „Мини маркетот“.
Како што информираат од МВР, непознато лице со фантомка на главата вчера попладне упаднало во експозитурата и под закана со оружје од вработената одзело 16.000 денари, по што веднаш го напуштило местото.На излегување крадецот бил забележан од случаен минувач кој се обидел да го запре, но тој успеал да побегне при што му испаднал пиштолот, за кој подоцна било утврдено дека е пластичен.Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот на кражбата и расчистување на случајот, јавува OhridNews. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

