Црна хроника
Ѓултен Џемаили и Амди Рамковски заминуваат во домашен притвор
Притворените од случајот „Пајажина“, Ѓултен Џемаили и братот на Велија, Амди Рамковски, заминуваат во домашен притвор
Кривичниот совет ја одби жалбата на Обвинителството, кое ја обжали одлуката на истражниот судија кој од обичен притвор ги пушти двајцата притвореници во домашен притвор поради здравствени проблеми. Сега во притвор остануваат деветмина од осомничените, откако уште тројца беа пуштени во домашен притвор.Осомничените од случајот „Пајажина“ денеска по третпат беа изведени пред истражен судија, откако Обвинителството предложи ново проширување на истрагата.Адвокатот на обвинетите, Мирослав Вујиќ не знаеше да каже за колкава сума се проширува истрагата.Овојпат обвинителката Гордана Гешковска не била присутна, па не можеле да се запознаат со тоа врз основа на кои докази и кои околности го заснова своето барање за проширување на истрагата.„Ни беа презентирани некои документи кои воопшто не се однесуваа на барањето и описот кој што беше во барањето за проширување. Ние бараме што побрзо да оди на вештачење, стручни лица да кажат за што се работи, а не вака да ни се презентираат суми, да ни се зголемуваат, намалуваат. Денеска се истресени такви суми од ракав, што не можеме на хартија да ги пресметаме“ изјави Вујиќ.Според непотврдени информации, Обвинителството бара проширување за нови седум кривични дела и за нова сума од 7 милиони евра.За сметките на фирмите на „Перо Наков“ кривичниот совет сè уште нема одлучувано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете
Ноќта помеѓу 7 и 8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

