Контакт

Црна хроника

Поднесени кривични пријави против управители на фирми на Рамковски

Објавено пред

Вработените на поранешните фирми „Цетис“ и „Цетис Принт“, сегашни „Европринт“ и „АБЦ принт“, во сопственост на Бојо Андревски, денеска напладне поднесоа кривична пријава против управителите на фирмите „Синим“(Шпиц) и „Време ЕЧ“, фирми на Велија Рамковски

Кривичната пријава е поднесена поради сомневања дека управителите на двете фирми намерно извршиле намалување и обезвреднување на имотот на фирмите должници со цел да избегнат исполнување на паричната обврска спрема доверителот, утврдена со правосилни судски пресуди.Вкупниот долг на фирмите на Велија Рамковски кон вработените во фирмите „Цетис“ и „Цетис Принт“ изнесува околу 150 илјади евра.Овие парични средства, како што информираат засегнатите, фирмите не можат да ги наплатат веќе три години.По поднесувањето на кривичната пријава вработените во овие фирми ќе постават сопствен шатор пред Владата, сè до подмирувањето на долгот кон нивните фирми.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Приведен криминалец осуден на седум и пол години затвор

Објавено пред

Приведен е криминалец кој бил осуден на седум и пол години затвор, информираа од Mинистерството за внатрешни работи.

Според информациите од таму, денеска околу 17 часот, во тетовското село Ратае, полициски службеници на секторот за меѓународна полициска соработка, со помош на полициски службеници од СВР Тетово, го привеле 41-годишниот С.М. од скопското село Коњаре.

Лицето, како што истакнуваат од МВР, билo осудено на седум и полгодишна затворска казна за сторени кривични дела тешка кражба, од Кривичниот законик.

„По приведувањето, реализирано со судска наредба, С.М. ќе биде спроведен во затворот ‘Идризово’ во Скопје за издржување на казната“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Беровци во продавница правеле прослава, пријава за 14 лица

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против 14 лица од беровското село Двориште затоа што за Стара Нова година, односно Василица, биле затекнати на прослава во продавница.

Според информациите на МВР, кривична пријава е поднесена против Ј. К. (40), Х. М. (21), К. С. (41), Д. К. (54), Д. М. (43), С. К. (37), З. Ч. (40), Т. К. (31), П. К. (58), Б. П. (30), Б. К. (25), Н. Џ. (22), Д. Џ. (26) и Т. К. (40), сите од село Двориште, Беровско, за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Пријавените, на 13 јануари, околу 1 часот по полноќ, во продавница во селото Двориште организирале прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување ширење на заразната болест Ковид-19“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

82 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден (4.3.2021) мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 82 возила.

Од нив, девет се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа13 часа

Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е...

Регион15 часа

Србија викендов делумно се затвора, рапиден скок на новозаразени од Ковид-19

Заврши седницата на кризниот штаб во Србија на која беше анализирана моменталната епидемиолошка состојба. Одлучено е да има затворање од...

Македонија17 часа

11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи...

Македонија17 часа

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија19 часа

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија20 часа

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Топ21 час

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ22 часа

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион22 часа

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа23 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет23 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија23 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион23 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет23 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа1 ден

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет1 ден

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет1 ден

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија2 дена

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет2 дена

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет2 дена

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Досие