Црна хроника
Приведен разбојник од Прилеп – ограбил една, а се обидел да ограби и друга аптека

Триесет и тригодишен прилепчанец е приведен поради разбојништво во аптека и обид за разбојништво во друга аптека во Прилеп.
Според информациите, К. Ѓ. разбојништво во аптека извршил на 13.12.2021 во аптека во Прилеп, а разбојништво во обид на 18.12.2021 во друга аптека исто така во Прилеп.
Денеска, К. Ѓ. со кривичната пријава по член 237 и член 237 во врска со член 19 е предаден за понатамошна постапка во ОЈО Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.