Црна хроника
Запленети 14,5 кг марихуана на Табановце
Царинските службеници во четвртокот доцна вечерта околу полноќ, спречија нов обид за шверц на 14,5 кг марихуана, соопшти во петокот Царинската управа на Република Македонија.
Околу 22:30 часот на излез од Македонија на граничниот премин Табановце-автопат пристигна автомобил марка FIAT PUNTO со албански регистарски таблички, управуван од албански државјанин со иницијали Џ.Д. Запрашан дали има нешто да пријави за царинска контрола и од каде доаѓа, одговорил дека нема ништо да пријави и дека патува од Тирана за Романија кај својата девојка.Поради сомнително однесување, царинските службеници извршиле детален преглед на возилото. Во багажниот простор имало двете плински боци, дел од погонскиот систем на возилото, кои иако уредно поставени, давале индикации дека наместо со плин, се полни со нешто друго. По вадењето на истите и демонтирање на вентилите, царинските службеници пронајдоа марихуана во рефусна состојба, со тежина од 14, 5 кг. Вредноста на дрогата, доколку би се продавала на западноевропскиот пазар би достигнала над 100 илјади евра.Лицето е предадено на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа, кои во моментов вршат распит.Во текот на службениот разговор утврдено е дека патничкото возило во кое била сместена марихуаната по сообраќајна дозвола гласи на лицето Б..Д. од Тирана, но на ден 28.01.2013 година пријавениот потпишал договор за купородажба на возилото од лицето за цена од 4000 евра.Осомничениот, со лицето Б..Д. се запознал пред 4-5 месеци во кафеана во Тирана, кога лицето Б..Д. му предложил да ја пренесе дрога од Албанија до Италија-Милано со споменатото возило, а за завршената работа да му плати износ од 2000 евра. Парите требало да му бидат исплатени откако ќе ја пренесе марихуаната до крајната дестинација. Пријавениот се согласил и една недела пред критичниот ден повторно се сретнал со лицето Б..Д кој му ги дал клучевите и возилото во кое во две плински боци кои претходно ги вградил ги наполнил со 14,5 кг марихуана. На 14.02.2013 година осомничениот и нарачателот се сретнале уште еднаш, а осомничениот ги добил последните инструкции и совети околу транспортот и рутата на движење и го охрабрил дека ризикот да го „фатат“ е помал затоа што тој ден е Св. Валентин и лесно ќе ги мине границите. Пред заминување, нарачателот му дал 400 евра за патни трошоци. Дрогата требало да ја однесе во Милано, најдоцна до 17.02.2013 година. Возилото требало да го остави на одреден паркинг цела ноќ, а тој да замине во хотел. Следниот ден, откако возилото ќе било испразнето, истото требало да му биде донесено пред хотелот, и со него да се врати во Албанија преку Бари. Царинската управа против пријавениот поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори”. Кривичната пријава, пријавениот и доказниот материјал се предадени на надлежен истражен судија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

