Црна хроника
Полицијата го уапси убиецот од Градско
Велешката полиција го уапси 19-годишниот А.Е. од Градско под сомнение за убиство на 78-годишна старица и силување на 74-годишна жена и двете од Градско
Осомничениот пред околу два и пол месеци со намера да украде пари ја убил Стефка Јорданова. Пред десетина дена осомничениот силувал и ограбил уште една старица од истата населба. Велешката полиција поднесе кривична пријава против деветнаесетгодишникот за пет кривични дела, „убиство“ врз 78-годишната Стефка Јорданова, за две дела „силување“ и „разбојништво“ врз Јорданова и врз другата старица. Пријавениот е веќе регистриран сторител на повеќе кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Скопјанец во дворот пронашол залутано зрно од огнено оружје
Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(73) од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
35-годишен кавадарчанец му се заканувал на градоначалникот на општината
Закани од 35 годишен кавадарчанец добил градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Вчера во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.