Свет
(Видео) Заглавени во замрзната гондола: драматична спасувачка акција на 21 лице на планината Сандија
Тимовите за пребарување и спасување и пожарникарите од американската сојузна држава Ново Мексико користеа јажиња и хеликоптери за време на операцијата за спасување 21 лице заглавени во текот на ноќта во две гондоли од жичницата високо на планината Сандија, недалеку од градот Албакерки.
Портпаролот на противпожарната служба на округот Берналило, поручник Роберт Аргељес, потврди дека првин биле спасени 20 лица заглавени во едната гондола, а неколку часа подоцна било спасено и последното лице што случајно било само во друга гондола, пренесуваат агенциите.
Заглавените во двете гондоли биле вработени на жичницата или во ресторанот на врвот на планината, а на крајот од работниот ден се упатиле кон подножјето на планината кога мразот на главниот кабел ја запрел гондолата, рече Аргељес.
Никој од спасените не е повреден, но, според портпаролот, сите биле многу исплашени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.