Топ
Со „бе-ем-ве“ дивеел на автопат, искршил наплатна рампа и удрил во полициско возило

Триесетгодишен жител на скопското село Батинци ноќеска со „бе-ем-ве“ дивеел на автопатот Скопје – Куманово, при што ја искршил рампата на наплатната станица Романовце, а на влезот во Скопје удрил во полициско возило..
Б.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Најмалку 21 лице загина во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави висок функционер на мексиканската влада, објави Ројтерс.
Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, истакна дека во несреќата учествувале три возила и дека многу луѓе се повредени.
#Puebla | Suman al menos 20 muertos tras accidente en la carretera #Cuacnopalan-Oaxaca.
▪️ En el incidente estuvieron involucrados un autobús de pasajeros de la línea AU, una camioneta de transporte de personal y una pipa. pic.twitter.com/Q8DVHJgXn2
— El Mensajero de Puebla (@MensajeroPuebla) May 14, 2025
Мексиканскиот весник „Ла Жорнада“ објави дека фаталниот фронтален судир се случил кога камион за цемент се обидел да престигне друго возило пред да премине во спротивната лента и да удри во автобус, а потоа челно да се судри со комбе.
Во извештајот за печатот се наведува дека камионот по судирот паднал во клисура, а потоа се запалил.
Европа
Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер.
Тој ја даде изјавата откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин.
Трамп претходно изјави дека е можно да отпатува во Истанбул доколку Путин е таму.
Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.
Зеленски е единствениот шеф на држава кој патува во Турција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека ќе отпатува за Истанбул каде, како што рече, ќе го чека својот руски колега Владимир Путин.
Украински функционер објави дека Зеленски е на пат кон Анкара, каде што треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Европа
Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но меѓу нив не се споменува претседателот Владимир Путин.
Руската делегација ќе ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински, а ќе бидат и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галужин и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин, според списокот објавен од Кремљ.
Преговорите за евентуален крај на војната во Украина се закажани за четврток во Турција. Но, веќе со денови се шпекулира за тоа кој ќе седне на масата.
Самиот Путин повика на директни преговори меѓу Русија и Украина во најголемиот турски град „без предуслови“, а потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека ќе дојде лично и изрази очекување дека ќе дојде и рускиот претседател.