Топ
Искршени столици, врати и инвентар на стадионот во Чаир, бил запален и оган

Непознати сторители упаднале и беснееле на стадионот во Чаир. Епилогот е скршени столици на трибините, врати и инвентар во соблекувалните, а бил запален и оган.
Од МВР информираат дека случајот бил пријавен вчера на пладне, а се случил во текот на ноќта.
Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегле на место на настанот и се преземаат меркин и активности за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските депонии.
Во депонијата „Дрисла“, каде што изминатите денови беше присутно интензивно чадење, Ангелов посочи дека се преземени сериозни мерки:
„Направивме два пристапни земјени патишта до местото кадешто се случува чадењето. Денес, со засилен број механизација – багери, камиони, булдожери – се чисти теренот и се работи на затрупување. Очекувам добар дел од местото во текот на денот да биде целосно затрупано.“
Дополнително, побарана е нова механизација, а се отвора и нов фронт за работа за повеќе градежни машини.
Во депонијата „Вардариште“, каде што исто така имаше чадење претходните денови, ситуацијата е оценета како стабилна, но и таму продолжуваат активностите:
„Се работи на затрупување на локацијата каде што чадеше. Поставени се термални камери со цел навремено да се идентификуваат и пресретнат лица кои евентуално би се обиделе повторно да предизвикаат чадење,“ додаде Ангелов, истакнувајќи дека на терен се и засилени полициски патроли.
Во меѓувреме, изби и нов пожар во скопското село Трубарево, во фабриката „Нула отпад“, за која постојат информации дека се занимава и со складирање на електронски отпад.
„Се работи за сериозен пожар. Хермелините се веќе упатени натаму, едниот од нив е веќе на пат кон Трубарево“, соопшти Ангелов. Ќе се интервенира и од воздух.
Македонија
(Видео) Гори фабриката „Нула отпад“ во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот е пријавен во фирмата „Нула отпад“, која рециклира електронски отпад.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али, соопшти дека пожарот е пријавен преку бројот за итни повици Е-112 и дека екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се веќе на терен, каде гори фабрика за пластични работи.
Повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
Генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека се одбрани кандидати кои во изминатите четири години покажале добри резултати, но и нови профилирани личности од своите средини. „Партијата е целосно мобилизирана и очекуваме голема победа,“ нагласи тој.
Сајкоски додаде дека советничките листи се изработени врз основа на предлози од месните и општинските комитети и дека, според анкетите и анализите, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе советници и градоначалници отколку на изборите во 2021 година.
„Граѓаните го ценат квалитетот на понудените кандидати и трудот што е вложен во изминатиот период. Работата и резултатите ќе бидат наградени на изборите,“ рече Сајкоски.
Денеска на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет за сите кои што сакаат да се кандидираат на Локалните избори закажани за 19 октомври.