Спорт
Пјонтек се врати во Италија, доаѓа на позајмица во Фиорентина
Фиорентина потврди дека полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек доаѓа на шестмесечна позајмица од Херта Берлин, враќајќи се во Серија А.
26-годишниот Пјонтек играше за Џенова и Милан пред да замине во Германија, и сега пристигнува со опција за постојан трансфер на крајот на сезоната за 15 милиони евра. Тој ќе го носи бројот 19 во Фиренца и ќе биде засилување во нападот на тренерот Винченцо Италијано. Пјонтек имаше еден гол и една асистенција во 9 меча во Бундеслигата оваа сезона.
„Пресреќен сум што сум повторно во Италија, каде што секогаш сум се чувствувал одлично. Им благодарам на Виола за довербата, сега треба да се докажам“, изјави Пјонтек.
Полјакот во сезоната 2018/19 во Серија А постигна 19 гола во 21 настап за Џенова, по што веднаш беше купен од Милан за 35 милиони евра, и за нив додаде уште 9 гола во вториот дел од сезоната. Но, во 2019/20, тој не успеа да ја повтори формата и се пресели во Херта за 24 милиони во јануарскиот преоден рок.
Krzysztof Piątek è un nuovo calciatore viola ?#ForzaViola ? #Fiorentina #ACFFiorentina #Piatek
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) January 8, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона во Лисабон, Атлетико го чека Леверкузен
По пауза од еден месец се враќа Лигата на шампионите. Вечерва и утре ќе се одиграат натпреварите од седмото коло.
Денешната програма ќе ја отворат натпреварите во Бергамо и Монте Карло, Аталанта и Штурм Грац, односно Монако и Астон Вила од 18:45 часот.
Дербито на колото ќе го одиграат Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен кои се во директна борба за пласман во Топ 8, додека Барселона ја очекува тешко гостување кај Бенфика. Српскиот шампион Црвена звезда го пречекува холандскиот тим ПСВ.
За потсетување, најдобрите осум екипи директно се пласираат во осминафиналето, додека екипите од деветтото до 24. место ќе играат за преостанатите осум места. Тимовите се рангирани од 25. до 34. место ќе го завршат учеството во Лигата на шампионите.
Од 18:45 часот:
Аталанта – Штурм
Монако – Астон Вила
Од 21 часот:
Атлетико – Баер
Бенфика – Барселона
Болоња – Борусија Дортмунд
Клуб Бриж – Јувентус
Црвена звезда Белград – ПСВ
Ливерпул – Лил
Слован – Штутгарт
Спорт
ПАО ја потврди повредата на Јуртсевен
Панатинаикос има големи проблеми со повреди оваа сезона и тоа е причината што во моментов не е повисоко рангиран во табелата во Евролигата.
Се чини дека најголем проблем е отсуството на првиот центар, можеби најдобриот во моментов во Евролигата, Матијас Лесор, а од синоќа, одреден период ќе паузира и неговата замена, Омер Јуртсевен. .
Јуртсевен се повреди во дербито против Олимпијакос во грчкиот шампионат. Според информациите од клубот тој се здобил со фрактура на стапалото.
„Ќе биде надвор од терените месец или два“, изјави тренерот Ергин Атаман по натпреварот.
Атаман веднаш потврди дека клубот бара нов центар.
Спорт
(Видео) Навивачи на Црвена звезда и ПСВ тепаа во центарот на Белград
Околу полноќ, според очевидци, во центарот на Белград дошло до големи судири меѓу навивачите на Црвена звезда и ПСВ во пресрет на денешниот натпревар меѓу тие клубови од седмото коло од Лигата на шампионите.
21.01.2025🇷🇸 Delije attacked PSV before tomorrow match, click here for more videos: https://t.co/8cbCXoqUv6 pic.twitter.com/uufdvRaD3K
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) January 20, 2025
Граѓаните кои случајно се нашле во близина и ги снимиле инцидентите пријавиле дека тие избувнале кога „Делии“ ги нападнале холандските навивачи со факели и топовски удари.
По извесно време полицијата успеала да воспостави контрола.
21.01.2025🇷🇸 Delije attacked PSV before tomorrow match, click here for more videos: https://t.co/8cbCXoqUv6 pic.twitter.com/uufdvRaD3K
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) January 20, 2025
Најавено е дека во Белград ќе пристигнат околу 2.000 навивачи на ПСВ, а очигледно ден пред натпреварот во Белград пристигнала група симпатизери на клубот од Ајндховен.