Црна хроника
Мајка и ќерка пронајдени мртви во стан во Карпош

Мајка и ќерка синоќа околу 18:30 часот биле пронајдени мртви во стан на улицата „Вич“ во скопската населба Карпош 4, соопштуваат од СВР Скопје
Соседите кои неколку дена не ги виделе мајката и ќерката, случајот го пријавиле во полиција. Синоќа полициски службеници заедно со членови на куќниот совет насилно влегле во станот, кој бил заклучен и ги пронашле телата на двете жени.По идентификацијата на телата, од МВР информираат дека станува збор за седумдесетгодишната Анка Андонова и нејзината четириесет и четиригодишна ќерка Снежана Чекреџиева. Во станот тие живееле сами, а надлежните се уште немаат информации кои се причините за смртта.По извршениот увид, констатирано е дека на телата немало траги од насилство. Двете тела се предадени за обдукција за да се утврдат точните причините поради кои настанала смртта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.