Црна хроника
Осум лица повредени во сообраќајка кај Гостивар
Осум лица, меѓу кои има и деца, повредени се во сообраќајна несреќа што се случи во средата попладне во близината на Гостивар. Според првичните информации, четири лице се потешко повредени.
Како што пренесе порталот „Курир“, станува збор за судир меѓу „Голф“ со италијански регистерски таблички, „Опел Астра“ со кумановски ознаки и „Пежо 207“ со охридски таблички.Во несреќата повредени се вкупно 8 лица, од кои четири се здобиле со посериозни повреди. Меѓу повредените има и две малолетни деца, изјави за Курир, портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.Сите повредени итно биле пренесени во гостиварската болница, а четворицата кои имаат посериозни повреди се префрлени во скопските клиники.Несреќата се случила на излезот од Гостивар, кај првата асфалтна база, а до завршувањето на увидот, прекинат е сообраќајот на двете коловозни ленти./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

