Свет
Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Женева.
Лавров нагласи дека Москва сака да чуе кои предлози имаат смисла, а кои немаат, и дека е важно сѐ да биде на писмено. Тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин може да донесе одлука доколку добие индивидуални одговори од Западот на понудите и контрапонудите на Москва.
Рускиот министер се пожали и дека НАТО во последно време работи против Русија истакнувајќи дека Русија никогаш не кажала дека ќе ја нападне Украина.
Blinken and Lavrov begin talks over Ukraine pic.twitter.com/kVBNk6dLxF
— Missy Ryan (@missy_ryan) January 21, 2022
Говорејќи на прес-конференција по средбата со Блинкен, Лавров рече дека се надева оти емоциите ќе се смират во врска со Украина и ги повтори тврдењата на Русија дека таа не претставува закана за нејзиниот поранешен советски сосед.
Лавров на почетокот на разговорите рече дека Москва очекува конкретни одговори на (нејзините) многу конкретни предлози, а американскиот државен секретар изјави дека не се надева оти денеска ќе ги премости разликите, пренесе „Ројтерс“.
Ова е трета средба меѓу Лавров и Блинкен, можеби и најважна, имајќи предвид дека се водат преговори за барањето на Русија за безбедносни гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток, како и во пресрет на растечките тензии за Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Три млади момчиња починаа во Германија: правеле скара

Голема трагедија се случи во неделата навечер во Вупертал. Починаа тројца млади луѓе.
Портпаролот на противпожарната служба во Вупертал потврди дека тројца млади мажи загинале за време на скарата.
Според соопштението на полицијата, младите мажи, кои биле на возраст од 18, 25 и 26 години, во неделата биле во градината на Хајнштрасе во Вупертал (Северна Рајна-Вестфалија). Кога доцна навечер не се вратиле дома, родителите се загрижиле.
Според првите информации, тие наводно направиле скара во градината во нивната куќичка, што се покажало како фатална грешка, пренесува магазинот „Феникс“. Имено, градината очигледно не била доволно проветрена, па гасовите настанати при печењето не можеле да испарат. „Пожарникарите добија пријава за сомнителен гас и предупредување за присуство на јаглерод моноксид“, изјави портпаролот на пожарникарите. Обдукцијата ќе утврди дали навистина починале од труење со јаглерод моноксид, пренесуваат локалните медиуми.
Свет
ЕУ: Подготвени сме да преговараме со САД, понудивме нула царини

Европската унија му нуди на САД взаемно укинување на царините за индустриски производи, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Подготвени сме да преговараме со САД, понудивме нула царини за индустриски стоки, како што успешно направивме со многу други трговски партнери“, изјави Фон дер Лајен по состанокот со претставници на челичната и металната индустрија.
Истовремено, Комисијата е подготвена да одговори со контрамерки.
„Европа е секогаш подготвена за добар договор, затоа го оставаме на маса. Но, ние сме подготвени да одговориме со контрамерки и да ги браниме нашите интереси“, додаде претседателката на Комисијата.
Американската администрација воведе царини од 25 отсто за увоз на алуминиум и челик, кои стапија на сила на 12 март. Од 3 април, царините се исто така 25 отсто за сите автомобили и автоделови кои не се произведени во САД.
На 2 април американскиот претседател Доналд Трамп објави трговска војна на целата планета и најави реципрочни царини, минимум 10 отсто за сите, а уште повисоки царини за околу 60 земји, кои ќе стапат на сила од среда, на 9 април.
Европската комисија ги анализира можните одговори и се консултира со земјите членки, а првиот одговор треба да следи во среда.
Комесарот за трговија, Марош Шефчовиќ, во Луксембург, каде министрите за трговија на земјите-членки разговараа за трговските односи со САД, изјави дека Комисијата подготвила список со предложени контрамерки кои денеска ќе бидат испратени до земјите-членки. Гласањето е закажано за среда, на 9 април, а контрамерките треба да се применат од 15 април, рече Шефчовиќ.
Регион
Пицула: Србија седи на четири столчиња, Вучиќ си игра свои игри

Србија е највлијателна меѓу земјите кандидати за членство, но не е реално да влезе во Европската унија со сегашното раководство кое седи на четири столчиња, беше речено денеска на прес-конференцијата на социјалдемократските претставници задолжени за проширувањето.
„Мое искрено мислење е дека амбицијата на претседателот Александар Вучиќ не е да се приклучи на Европската унија, бидејќи тоа би значело дека тој и неговата опција мора да ги почитуваат многу строгите правила и стандарди на ЕУ во однос на демократскиот систем, слободата на медиумите, малцинствата и други прашања. Наместо тоа, тој си игра свои игри“, рече Тонино Пицула, известувачот на Европскиот парламент за Србија.
За улогата на проширувањето во актуелниот геополитички контекст Пицула разговараше со белгиската пратеничка Кетлин Ван Бремпт, која е задолжена за проширувањето во пратеничкиот клуб на социјалдемократите, и со известувачот за Албанија, австрискиот пратеник Андреас Шидер. Хрватскиот социјалдемократски претставник рече дека Србија води таканаречена мултивекторска надворешна политика.
„Постојат четири столба на српската надворешна политика – Европската унија, САД, Русија и Кина, и мислам дека не е можно постојано да се седи на четири столчиња. Мислам дека ние не споделуваме вредности и геополитички цели со Кина и Русија во повеќето области, а уште помалку со САД“, рече Пицула.
На прашањето дали Србија може да влезе во Европската унија со сегашното раководство, Пицула одговори негативно, нагласувајќи дека е невозможно да се има амбиција да се завршат преговорите до крајот на 2026 година, како што тврди српското раководство, без радикална промена на позицијата и однесувањето во многу области.
„Но, сакам да бидам целосно јасен, на граѓаните на Србија е да ја изберат владата што ја сакаат, а на институциите на ЕУ е да проценат дали Србија ги исполнува стандардите неопходни за напредок на патот кон членството“, рече Пицула.
Според написите, водачи во пристапниот процес во моментов се Црна Гора и Албанија. Во последните три години Србија не отвори ниту едно поглавје, Северна Македонија е блокирана поради билатерални прашања, а Босна и Херцеговина и Косово се на задната страна. Сепак, Пицула предупредува дека најсилната политичка партија во Црна Гора е во коалиција со просрпската опција, која е отворено против членството на земјата во НАТО и ЕУ.
„Тие се отворена проруска опција и само се преправаат дека сакаат напредок на Црна Гора кон ЕУ“, вели Пицула. Тој додаде и дека српскиот претседател Александар Вучиќ, доколку остане на власт, нема да дозволи Црна Гора да се оддалечи премногу од Србија на патот кон членство во ЕУ.
Десетина земји во моментов го чекаат својот ред за влез во Европската унија, но не треба да се очекува дека сите ќе се приклучат на сегашните 27 одеднаш, посочуваат социјалдемократските претставници. Последното проширување се случи во 2013 година, кога се приклучи Хрватска и ова е најдолгиот период во историјата на проширувањето во кој ниту една земја не се приклучила.