Црна хроника
Неуспешен обид за самоубиство во водите на Вардар во Скопје
Дваесет и четиригодишна девојка (С.Ј.) од село Батинци, забележана е денеска во водите на реката Вардар од случаен минувач, по што е извадена и пренесена во Градската болница
Според полициски извори, денеска околу 13.30 часот забележана е давеничка во водите на Вардар во Скопје, по што девојката е извлечена и пренесена во Градската болница каде и е укажана помош. Полицијата во моментот разговара со давеничката, за која постои сомневање дека сакала да изврши самоубиство. Но, како што велат од полицијата, случајниот минувач, кој ја забележал девојката во водите на Вардар и го пријавил случајот, и` го спасил животот.„Денеска беше пријавен случај, најверојатно се работи за самоубиство во обид. Девојката е извлечена од Вардар и се наоѓа во Градската боница, каде и’ се укажува помош, а нашите службеници ќе разговараат со неа, за да се утврдат причинте за случајот“, изјави за www.forum.com.mk , портпаролката Лиза Бендеска.Од скопска Градска болница ни потврдија дека е примена пациентката што се обидела да си го одземе животот и дека во моментов врз неа се врши операција. Од таму одбија да кажат за придорадата на повредите, ниту дали девојката е во животна опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

